Skip to main content

Glitches – Самостојна мултимедијална изложба на уметницата Соња Ставрова

Registrations have closed.
Glitches – Самостојна мултимедијална изложба на уметницата Соња Ставрова

Glitches – Самостојна мултимедијална изложба на уметницата Соња Ставрова

by
256 256 people viewed this event.

Мултимедијалната изложба „Glitches“ на младата авторка Соња Ставрова претставува емотивен и интимен портрет на женското тело во различни фази на медицинска интервенција и трансформација. Преку фотографии, скулптури и просторни интервенции, изложбата ги истражува моментите на ранливост, интимност и сила, прикажувајќи го телото пред, за време и по операција. Делото го преиспитува женскиот идентитет и односот со репродуктивните органи – како биолошки симбол на раѓање и општествено конструиран концепт на вредност. Изложбата користи душекот како симбол на немир и самоиспитување, место каде што жената минува низ болка, осаменост и прифаќање на сопственото тело. Инспирирана од феминистички принципи, таа го прикажува женското тело како субјект на автономија и самоизразување, а не како објект на набљудување.

Проектот поттикнува општествено релевантен дијалог за репродуктивното и менталното здравје, вклучувајќи ранливи категории и промовирајќи пристапност за сите со бесплатен влез. Изложбата има за цел да ги сруши табуата поврзани со женското тело и здравје, создавајќи заедници на поддршка, емпатија и солидарност. Проектот ја поттикнува соработката меѓу млади уметници и национални институции и ќе се реализира во две фази – подготовка на делата во април и јавна презентација во октомври.

Соња Ставрова Кирковски (1992, Кавадарци) е магистриран фотограф на Универзитетот „Еуропа Прима“ во Скопје и дипломиран правник. Во своето творештво користи концептуална фотографија и симболизам за обработка на општествени и интимни теми. Добитничка е на повеќе награди, меѓу кои второ место на интернационалниот фестивал „Rovinj Photo Days“ (2018). Има реализирано повеќе самостојни изложби, меѓу кои „Цензура“, „26/6“, „Кралот Алкохол“ и „Портрет на Кралот Алкохол“, и учествувала на бројни групни изложби во земјата и странство. Активна е како фотограф, предавач и соработник на различни културни и едукативни проекти.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2025-11-24 to
2025-11-30
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends