Skip to main content

Култренинг – работилници за танц и кореографија

Registrations have closed.

Култренинг – работилници за танц и кореографија

by
1348 1348 people viewed this event.

Култренинг – работилници за танц и кореографија со Тереза Лазарев 6 јуни (четврток) и 12 јуни (среда)

Култренинг е едукативна програма на Локомотива која се одржува од 2015 година до денес, и има за цел да го доближи современиот танц и изведбените уметности до јавноста, да ги зајакне знаењата во полето на професионалната заедница и да поттикне соработка. Работилниците во КСП Центар-Јадро ќе ги води Тереза Лазарев.

Тереза Лазарев е танцова уметница која работи во полето на современито танц. Тереза завршува академија за современ танц под менторство на Рисима Рисимкин на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Тереза има соработувано со кореографи како: Александра Петрушевска, Искра Шукарова, Јотам Палед, Карин Понтиц, Ивана Балабанова и други. Има настапувано на фестивали како: Holland Dance Festival во Хаг (Холандија), Share во Братислава (Словачка), Silk Road во Пекинг (Кина) и многу други. Моментално живее и работи во Скопје каде што држи часови за современ танц за деца.

Програмата „Култренинг“ е дел од Интердисциплинарната програма на Локомотива која е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.


Kultrening

Dance and choreography workshops with Tereza Lazarev
6 & 12 June (Thursday and Wednesday)

Kultrening is an educational program of Lokomotiva – Centre for New Initiatives in Arts and Culture that has been running since 2015, and aims to bring contemporary dance and performing arts closer to the public, to strengthen the knowledge in the field of the professional community and encourage collaboration. The workshops in SCS Centаr-Jадро will be led by Tereza Lazarev.

Tereza Lazarev is a freelance dancer working in the field of contemporary dance. Tereza graduated at the academy for contemporary dance under the mentorship of Risima Risimkin, at the “Goce Delchev” University in Shtip. She has worked with many choreographers including: Aleksandra Petrushevska, Iskra Shukarova, Yotam Peled, Karine Pontiens, Ivana Balabanova and others. Tereza has performed at festivals such as: Holland Dance Festival in The Hague (The Netherlands), Share in Bratislava (Slovakia), Silk Road in Beijing (China). Currently Tereza is based in Skopje where she teaches contemporary dance classes for children.

Kultrening is part of Lokomotiva’s Interdisciplinary Program supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-06-06 @ 18:00 to
2024-06-06 @ 20:30
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends