Skip to main content

„Moving Inside Out“ – работилница за танц со Криста ДеНио и Искра Шукарова

Registrations have closed.
„Moving Inside Out“ – работилница за танц со Криста ДеНио и Искра Шукарова

„Moving Inside Out“ – работилница за танц со Криста ДеНио и Искра Шукарова

by
193 193 people viewed this event.

Moving inside out – работилница за танц со Криста ДеНио и Искра Шукарова

од 15 до 21 ноември

Во периодот од 15 до 17 ноември во КСП Центар-Јадро во Скопје, Криста ДеНио и Искра Шукарова ќе одржат работилница за членови на заедницата, студенти и професионалци од областа на танцот, театарот и други дисциплини во земјава. Работилницата ќе истражува интердисциплинарни пристапи во создавањето на site-specific перформанси, користејќи методологии од танцот и театарот.

Работилницата ќе вклучува движење и гласовен тренинг базиран на соматски практики, контакт импровизација и техники од Action Theater, а ќе заврши со кратки перформанси креирани од учесниците.
ДеНио ќе се базира на својот NETWORK проект инспириран од еколошките системи на комуникација кај дрвјата, додека Шукарова ќе ги сподели своите истражувања за невербална комуникација како рамка за уметничко изразување.
Искра Шукарова како уметник се интересира за врската помеѓу телото и гласот, како и за пронаоѓање на конекции со природата и животните. Таа истражува и нови начини на поврзување со публиката како дел од перформативниот процес, со посебен фокус на интердисциплинарните пристапи.

Криста ДеНио работи со движење, звук и наративно раскажување, креирајќи интерактивни и партиципативни искуства. Нејзините изведби вклучуваат и скриптирана и кореографирана работа како и импровизациски интеракции, со цел создавање на нови видови на искуства.

Перформансот/презентацијата MOVING INSIDE OUT ќе биде изведена од Криста ДеНио (САД) и Искра Шукарова (Северна Македонија) во КСП Центар-Јадро во Скопје на 20 ноември во 18 часот, како дел од Меѓународниот театарски фестивал, МОТ ФЕСТИВАЛ.

Искра Шукарова како уметник е заинтересирана за односот меѓу телото и гласот, како и за наоѓање врски со природата и животните. Таа истражува нови начини на поврзување со публиката како дел од перформативниот процес. Шукарова е посебно привлечена од интердисциплинарните пристапи, каде што може да истражува медиуми кои се вкрстуваат како дел од процесот на истражување кој го споделува со заедницата, професионалците, како и со своите студенти.

Криста ДеНио работи со движење, звук и раскажување приказни. Низ перформансот таа ги истражува креативните и партиципативни искуства. Истражувачките и перформативните процеси ги вклучуваат просторите каде што се одвиваат сценарио и кореографија, како и импровизациски интеракции. Таа е заинтересирана за тоа како интердисциплинарната размена може да создаде нови видови искуства, наместо реплицирање на предвидливи перформанси.

Во перформансот MOVING INSIDE OUT, Криста и Искра заедно ќе го презентираат резултатот од нивното истражување во Скопје, овозможено преку резиденцијата поддржана од програмата Global Practice Sharing [GPS] на Movement Research, Меѓународниот интердисциплинарен уметнички конзорциум, КСП Центар-Јадро и Фестивалот за млад и отворен театар – МОТ Фестивал во Скопје.

По перформансот/презентацијата ќе следи разговор со публиката, каде што ќе се разгледуваат теми поврзани со интердисциплинарните пристапи кои произлегуваат од телото како медиум за интерактивна размена.

 

 

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-11-15 to
2024-11-21
 

Location

-

Share With Friends