Skip to main content

АРТС ХАБ Работилница | Вештини за ожививање / Resurgence.juicy Авторка – Клелија Живковиќ

АРТС ХАБ Работилница | Вештини за ожививање / Resurgence.juicy Авторка – Клелија Живковиќ

by
1200 1200 people viewed this event.

АРТС ХАБ Работилница

Вештини за ожививање / Resurgence.juicy
Авторка – Клелија Живковиќ

За оживувањето не е лесно да се зборува. Веќе некое време се обидувам да ги најдам вистинските зборови да го опишам тоа што го чувствувам: дека би можела подлабоко и послободно да дишам. Дека би можела поискрено да се поврзам со светот. Дека имам пристап до заедница и поддршка, ако ја побарам. Дека постои поубав и пожив свет кој можеме да го создадеме.

Одбивам да отрпнувам, да ги потиснувам своите чувства и желби, да ја скротувам мојата радост или да го пригушувам мојот гнев. Наместо тоа, одбирам да оживеам.

Доколку ова буди нешто во тебе, се надевам дека ќе ми се придружиш на проектот „Вештини за оживување“, каде заедно ќе се обидеме да ги разбереме одлуките, дозволите, границите и изборите кои ги правиме во служба на нашата оживеаност.

Клелија Живковиќ (1989) е трансдисциплинарна дизајнерка од Скопје. Таа ја истражува улогата на дизајнот во обликувањето на општествената и еколошката реалност преку применување на прототипирањето како истражувачки и продукциски формат. Нејзиниот последен проект „Прототипирање на нежноста: личен запис од светот во изумирање“, уметничка книга и изложба поддржани од Студио Приватен Принт, го документира нејзиниот увид во нежноста како квалитет на граница помеѓу две битија, битие и опкружувањето итн. Во 2022 година АИКА Македонија ѝ ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“, за нејзиниот истражувачки проект „Дизајн за оживување“, кој ги мапира современите дизајн практики и интерсекционалната екологија кон развивање на дизајн методологија која се занимава со светот обликуван од широката потрошувачка и исцрпувачка на ресурси.


ARTS HUB Workshop
“Resurgence Skills / Resurgence.juicy”
Author – Klelija Zivkovic

Revival is not easy to talk about. For some time now I have been trying to find the right words to describe what I feel: that I could breathe more deeply and freely. That I could connect more honestly with the world. That I have access to community and support if I ask for it. That there is a more beautiful and more alive world that we can create.

I refuse to numb out, suppress my feelings and desires, tame my joy or stifle my anger. Instead, I choose to come alive.

If this sparks something in you, I hope you’ll join me in the Skills for Revival project, where together we’ll try to understand the decisions, permissions, boundaries, and choices we make in service of our revival.

Klelija Zivkovic (1989) is a transdisciplinary designer from Skopje. She explores the role of design in shaping social and environmental reality by applying prototyping as a research and production format. Her latest project Prototyping Tenderness: A Personal Record of a World in Extinction, an art book and exhibition supported by Studio Private Print, documents her insight into tenderness as a boundary quality between two beings, being and environment, etc. In 2022 AIKA Macedonia awarded her the “Ladislav Barisic” award, for her research project “Design for Revival”, which maps contemporary design practices and intersectional ecology towards developing a design methodology that deals with the world shaped by widespread consumption and exhausting resources.

Additional Details

Project Title -

Project -

To register for this event email your details to tomislav@tomislavbalabanov.me

Register using webmail: Gmail / AOL / Yahoo / Outlook

 

Date And Time

2024-04-01 @ 13:00 to
2024-04-30 @ 15:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends