Skip to main content
култура

Програмската размена [REG.LAB]

By May 9, 2022May 20th, 2022No Comments
Во рамките на програмската размена на проектот REG.LAB, се оддржа размена помеѓу независните културни центри Погон – Загреб Центар за независна култура и млади и КСП Центар Јадро, во периодот од 10.05 до 18.05.2022, преку претставување на уметници од македонската независна културна сцена.

На 10.05.2022, Ивана Коцевска, македонска кореографка и танчарка, ги изведе нејзините две дела: “Where’s Your Gravity” & “Chance-Dance

“Where’s Your Gravity” (7 мин) во која Ивана Коцевска освен како танчарка, за прв пат се претстави пред публиката и како кореограф е студија за кинестетичките можности на телото: како го користиме телото, дали можеме да се соочиме со него итн.
„Chance Dance“ (25 мин) е нејзината најнова изведба која е во тек, резултат на соработката со музичкиот продуцент, програмер и дизајнер на звук Џеф Кастел-Бранко.

На 12.05.2022 се отвара групната изложба на современи македонски уметници и дизајнери – „Уште еднаш ќе биде премногу: (не)можности за посредување“ , пропратена со промоција на книгата „Во дијалог“.
Изложбата „Уште еднаш ќе биде премногу: (не)можности за посредување“ ја тематизира улогата на независната култура во Северна Македонија од два агли: од една страна потпирајќи се на несигурната положба на уметниците, која произлегува од недостатокот на институционална поддршка за нивната работа. , а од друга и трансформативниот потенцијал на уметниците и нивните дела. Позицијата на уметниците сè уште се смета за парадигматска позиција на отпор, па уметниците поединечно и преку различни форми на соработка се обидуваат да го преиспитаат доминантниот дискурс кој ги дефинира идентитетот, територијата, границите, миграциските политики и бездомништвото, како и ксенофобијата и говорот на омраза вкоренети во секојдневниот живот. Едно од клучните прашања е како уметноста навистина може да учествува во општеството и да стане ефективен инструмент на промени и дали може да генерира нови вредности преку културните институции?

Во Погон ќе бидат изложени дела на: Велимир Жерновски, Славица Јанешлиева, Оливер Мусовиќ, Никола Узуноски, Игор Тошевски, Дарко Алексовски, Моника Мотеска, Јане Чаловски, Христина Иваноска, Верица Ковачевска, Нада Прља и Ѓорѓе Јовановиќ.


На 17.05.2022, Ивана Балабанова, танчарка и кореографка, ќе се претсави со интердисциплинарниот соло перформанс “Raw “.

“Raw” (45 мин) е интердисциплинарен соло перформанс заснован на поезијата на самата авторка. Песната, а со тоа и изведбата, се за потрагата по сопствениот идентитет, за гушењето на душата, за потребата од простор и за суровоста на секојдневието. Овој танцов перформанс е интимна исповед за изгубеното совршенство и во исто време процес на прифаќање.

А, на 18.05.2022, Ивана Балабанова и композиторот Алесандро Ола, ќе го изведат интердисциплинарниот перформанс “Code #9“.

“Code #9” е интердисциплинарна изведба која се обидува да ги објасни деветте видови темнина. Перформансот ги истражува внатрешните, но и надворешните фактори кои се потпираат на темнината, вклучувајќи ја публиката во аудиовизуелно патување низ просторот и времето.

Гостувањата се реализирани во рамките на Програмската размена на проектот на REG.LAB. Координиран од платформата Кооператива, проектот RegLab обединува мрежи и културни центри од шест земји во регионот:

Анибар (Косово), Асоцијација (Словенија), Јадро- Асоцијација на независната културна сцена (Северна Македонија), Операција Град (Хрватска), НКСС (Србија) и ОКЦ Абрашевиќ (БиХ) .

Надградувајќи се на иновативни практики кои се развиваат на поединечните независни сцени, тој има за цел да понуди рамка и инфраструктура за размена, зајакнување и застапување на нови, демократски и партиципативни модели на управување, како и за регионално вмрежување и дејствување на независни културни чинители.

Проектот е кофинансиран од Европската Унија, како дел од програмата наменета за зајакнување на културната соработка и конкурентноста на културните и креативните индустрии во Западен Балкан, во рамките на програмата „Креативна Европа“.

Leave a Reply