Места на дарежливост – трансформативни станици, е проект кој се состои од серија на работилници за форум театар, критичко пишување и партиципативна уметничка пракса кој го реализира- авме во текот на 2022 година со цел да ги мотивираме уметниците од различни уметнички дисциплини, како и критичарите од помладата генерација, да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност и современите критички дискурси.
Преку работа со истакнати уметници, теоретичари, критичари и куратори Места на дарежливост – трансформативни станици, цели кон зајакнување на капацитетите на домашните уметници и останатите креативни професионалци, да ги продлабочат своите знаења, да стекнат нови вештини и да се поттикнат стекнатото искусто од едукативниот процес да го искористат во создавање свои парти- ципативни проекти или критички осврти и есеи преку кои ќе имаат импакт во заедницата
Места на дарежливост – трансформативни станици, цели кон напуштање на класичните формати на продукција и презентација на уметнички проекти што подразбира активна работа со креативци од повеќе уметнички дисциплини, партиципативност, активно учество на граѓаните и публиката.