Skip to main content
поткаст

Поткаст: БРЗА КУЧКА – Епизода 1 (со Никола Гелевски)

By February 7, 2024No Comments

Добредојдовте во ,,Брза Кучка”, кој е во соработка и продукција на КСП Центар-Јадро. Дива избега од ланецот и подготвенa е да ве прошета надвор од паркот на доцилните домашни кучиња. Во овој поткаст, не само што ќе ви донесеме фасцинатни гости, туку и нивните арт-доти, ќе ви го приближиме активизмот и ќе се обидеме да ги забележиме сеќавањата на хроничарите на своето време во архивите на нашите вијуги, и да го диктираме наративот на современата македонска култура. Амбициозно? Секако. Топло ви препорачуваме порција и на вам Автор на „Брза кучка“, дизајн и музика е Ана Чушкова (diva.mk).

KСП Центар-Јадро обезбеди техничка опрема и простор при снимањето, и несебична поддршка во сите аспекти на процесот. Поткастот го отвораме со Никола Гелевски, со кого сакавме да се чуеме бидејќи неговото медиско присуство е проретчено до целосно-отсуство во последно време. Тој е препознатлив по тоа што секогаш нуди фасцинатни и дефинирачки содржини за македонската култура, преку бескомпромисната посветеност на говорењето на својата вистина, и тоа се докажува до денес како револуционерен чин. Во отворено, на моменти интимно сведоштво, тој објаснува зошто иако е автор и колумнист, најмногу се наоѓа во улогата на издавач и уредник. Оваа година е 30 годишен јубилеј на литературното списание „Маргина“ и 15 години на ,,Окно”, па се осврнавме како Маргина му делува од оваа перспектива, какви планови има за нејзе, и како и покрај сите предизвици е неверојатно горд на „вебсајтот за култура“, Окно.

Овој проект се реализира со финансиска поддршка на Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ).

Leave a Reply