Skip to main content
креативно пишувањеработилница

Пеперутките во нејзиниот стомак | Лејла Диздаревиќ

By December 7, 2023No Comments

ПЕПЕРУТКИТЕ ВО НЕИЗИНИОТ СТОМАК

 

Приказната започнува со нашата Лила, расположена млада девојка која го живее својот живот во потполност. Едно сончево попладне, додека таа шета низ скопскиот парк, го вкрстува погледот со странецот Педро со кој ненадејно ќе дојдат до разговор. 

Како што Лила и Педро почнуваат да поминуваат повеќе време заедно, нивната врска се продлабочува. Тие споделуваат приказни, смеа и соништа. Срцето на Лила чука секогаш кога Педро е близу, а таа не може а да не се насмее неконтролирано. Токму во овие моменти таа првпат ги доживува пеперутките во стомакот, прекрасно, но малку нервозно чувство. Пеперутките во стомакот на Лила и стануваат најдобри придружници. Таа се наоѓа себеси како сонува за Педро и ги повторува низ глава нивните спомени, баш како расипана видео касета. Сепак, љубовта не е без несигурности. Лила се бори со прашања и сомнежи, несигурна дали нејзините чувства се возвратени. Тие прекрасни пеперутки се претвораат и во безброј непотребни мисли. Среќата на Лила се насмеа и Педро после кратко време ги искажа своите емоции. Пеперутките во нејзиниот стомак се во полн лет!  Нивната врска се продлабочува и станува сѐ посилна, а малите невидливи летечки суштества се множат. Секојдневно размислува колку е среќна што го дели животот со него. Нејзиниот главен извор на среќа и пеперутки. Главниот предмет на сите желби и мисли. 

И дури после една долга година, Лила и Педро се доказ за вистинската љубов. Година полна со секакви спомени и мемории и добри и лоши. Долго време од кога им се споија патиштата.  Се навикнаа еден на друг, дури и си ги читаат  мислите, а и понекогаш си одат на нерви. Се прашувам, дали навистина имаме пеперутки во стомакот или е само чуството на љубов?

 

Leave a Reply