Registrations have closed.
Проширена поетика: романтичното, модерното, современото | КРИК – фестивал за критичка култура 07
by
537 537 people viewed this event.
СЕМИНАР : : Проширена поетика: романтичното, модерното, современото : :
Во рамките на КРИК 07 – фестивал за критичка култура, ве покануваме да заземете учество на тридневниот семинар „Проширена поетика: романтичното, модерното, современото“, предводен од Нејтан Браун
Во доцните 1790-ти, романтичарите од Јена развија концепт за поезис, Romantische Poesie, како основа на сите уметности, но и како основа за етичкиот и политичкиот живот. Овој семинар ќе се заснова на поголем истражувачки проект, во кој ќе се акцентира тврдењето на романтизмот како движење во чија основа е вткаен фактот дека станува збор за средство за следење на односите меѓу уметностите и политиката на формата, од модернизмот преку алатките на современоста до поетиката на интердисциплинарност.
Во три сесии од 2 часа, ќе истражиме неколку студии на случаи, кои ги обединуваат визуелната уметност, музиката, поезијата и политичката револуција, додека ја поврзуваат современата и модернистичката уметност со парадигмите од добата на романтизмот.
Првата сесија ќе се фокусира на нецелосноста на песните на Чарлс Олсон Максимус во однос на теоријата за фрагмент и проект на Фридрих Шлегел. Втората сесија ќе се фокусира на цитатите на Жан-Мишел Баскијат на Бетовеновата симфонија Ероика, во неговото доцно дело, сугерирајќи дека значењето на цитатите на Баскијат може да се сфатат преку романтичарските пристапи кон музиката и поезијата како поле на асоцијативни фрагменти. Третата сесија ќе се фокусира на спекулативното, ретроактивно тврдење на Еме Сезер дека слободниот стих е инаугуриран од револуцијата на Хаити, со што ќе се следи врската помеѓу модернистичката поетика на Негритуд и револуционерната политика од 1790-тите и раните 1800-ти.
- Сесија 1 – Некомплетност: Проектот на долгата песна
- Сесија 2 – Поле и фрагмент: иднината на романтичната композиција од Баскијат до Бетовен
- Сесија 3 – Tврдењето на Сезер: за ретроактивната генеза на слободниот стих
БИОГРАФИЈА
Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот Конкордија, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“, и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“.
***
Учеството на професорот Нејтан Браун, кој освен семинарот ќе има и јавно предавање и промоција на книга во издание на МАМА и Контрапункт, е дел од резиденцијалните програми на КРИК, кои имаат за цел да промовираат потемелни и подлабоки лабораториски процеси на запознавање меѓу различните култури, модели и пристапи на критичкото мислење.
Учеството на професорот Нејтан Браун, кој освен семинарот ќе има и јавно предавање и промоција на книга во издание на МАМА и Контрапункт, е дел од резиденцијалните програми на КРИК, кои имаат за цел да промовираат потемелни и подлабоки лабораториски процеси на запознавање меѓу различните култури, модели и пристапи на критичкото мислење.
Additional Details
Project Title -
Project -