Skip to main content

10 години ЈАДРО- сè уште оправдано присутни

Registrations have closed.

10 години ЈАДРО- сè уште оправдано присутни

by
521 521 people viewed this event.

ЈАДРО – асоцијација на независната културна сцена го слави својот 10 годишен јубилеј со колективна изложба ✨„10 години ЈАДРО- сè уште оправдано присутни“! ✨

ЈАДРО – асоцијација на независната културна сцена е непрофитна, инклузивна, партиципативна и застапувачка платформа која се стреми да го зајакне независниот културен сектор и неговото влијание врз креирањето и практикувањето на културните политики, со цел да ги поттикне процесите на демократицација во културата и пошироко, во општеството и граѓанскиот сектор.

Веќе една деценија, платформата здружува организации, поединци и неформални групи, кои континуирано обезбедуваат видливост и општествена релевантност на независниот културен сектор преку застапеност на програмски активности, застапување за стабилен развој на секторот, јакнење на неговото влијание во општествениот контекст и развој на алтернативни културни практики на национално, локално и регионално рамниште.

Затоа оваа изложба, овој 10 годишен јубилеј, ја слави работата на членките кои дејствуваат во различни културни сектори и заеднички се застапуваат за слободно, одговорно и критичко промислување во јавната сфера.

Изложбата „10 години ЈАДРО- сè уште оправдано присутни“ е колаж кој ja обединува и претставува дејноста на културните работници здружени во ЈАДРО кои секојдневно имплементираат современи културни практики и будно, јасно и смело се обидуваат да укажат на нужноста од критичко промислување на социо-културниот контекст и на нужноста за демонополизација на културата и уметноста.

Ве очекуваме! 🎉🎉🎉


 

ЛИСТА НА ЧЛЕНКИ НА ЈАДРО АСОЦИЈАЦИЈА НА НЕЗАВИСНАТА

КУЛТУРНА СЦЕНА 👇

ОСНОВАЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ:

  • Установа Центар за современи уметности, Скопје
  • Младински Културен Центар, Битола
  • Здружение на уметници Културен центар МЕДИА АРТЕС, Охрид
  • Здружение на граѓание КОНТРАПУНКТ, Скопје
  • Здружение на граѓани за современа уметност и кураторски практики | Проектен простор ПРЕС ТУ ЕГЗИТ, Скопје
  • Здружение на граѓани Ф.Р.И.К. – формација за развој на иницијативи во културата, Скопје
  • ПЛОШТАД СЛОБОДА – здружение за активизам, теорија и уметност, Скопје
  • Здружение Институт на слободна мисла НИСМА, Скопје/ Shogata Instituti permendim te lire NISMA, Shkup
  • Здружение на граѓани ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Скопје
  • Здружение за култура и уметност ФАКУЛТЕТ ЗА РАБОТИ ШТО НЕ СЕ УЧАТ, Битола
  • Здружение за културна иницијатива СТОТРОЈКА, Скопје
  • Здружение Културна иницијатива и движење ЛИНЕ Скопје
  • Центар за драмски уметности Т-ХАУС, Скопје
  • Здружение на граѓани БУДЕН ТЕАТАР, Скопје

ОРГАНИЗАЦИИ ЧЛЕНКИ 2012-2021

  • Тиииит!Инк
  • Интимен Театар, Битола
  • Театарска Работилница Прилеп
  • Стрип Центар на Македонија Велес
  • ИТИ Центар
  • Здружение Иницијатива за независен културен активизам ИНКА-Струга
  • Здружение за литература, култура и уметност ГАЛИКУЛ-Скопје
  • Арт Еквилибриум БОШ Фестивал
  • Здружение за интердисциплинарни истражувања и практики во современата уметност Private Print
  • Независна театарска иницијатива Летечка Театарска Трупа, Тетово
  • Коалиција Маргини
  • Младинска организација ИМКА (YMCA), Битола
  • Танцовото студио Зодијак, Прилеп
  • Здружение на граѓани АКСИОМА Асоцијација за културна соработка и истражувањe
  • Sociopatch
  • Интернационално здружение на граѓани Културно Ехо
  • Медуза
  • Колектив Ветерница
  • Есперанза, Скопје
  • ПМГ Колектив, Скопје
  • Биовита, Кавадарци
  • Битрикс
  • Пресврт
  • Про Арте, Куманово
  • Училница 8

ПОЕДИНЦИ ЧЛЕНКИ 2012-2021:

  • Мања Величковска – културна работничка и активист
  • Фросина Крушкаровска – културна работничка и активист
  • Елена Вељановска – кураторка
  • Александра Бубевска – новинарка
  • Артан Садику – теоретичар, куратор и активист
  • Ѓорѓе Јовановиќ – ликовен уметник
  • Ѓорѓи Пулевски – културен работник 
  • Дарко Алексовски – ликовен уметник
  • Ивана Коцевска – балетска уметница и кореографка
  • Никола Гелевски – теоретичар, публицист и активист
  • Јованка Попова – кураторка
  • Славчо Димитров – теоретичар, куратор и активист
  • Симона Манчева – ликовна уметница
  • Елена Ѓорѓиевска – ликовена уметница
  • Доротеј Нешовски – ликовен уметник
  • Миле Ничевски – ликовен уметник
  • Искра Шукарова – балетска уметница и кореографка
  • Срѓан Јаниќијевиќ – театарски режисер
  • Мира Гаќина – кураторка
  • Јасна Димитровска – ликовна уметница
  • Христина Зафировска – ликовна уметница
  • Зорица Зафировска – ликовна уметница
  • Сара Конеска – ликовна уметница
  • Ивана Весева – кураторка
  • Лилјана Неделковска – кураторка
  • Биљана Клекачковска, дизајнерка на накит
  • Милош Андоновски – актер
  • Ангела Стојановска – актерка
  • Елдин Широки – актер
  • Петар Антевски – актер

Additional Details

Project Title -

Project -