Skip to main content

РАБОТИЛНИЦА: Театар на угнетените – моќни трансформации и трансформации на моќта

Registrations have closed.
РАБОТИЛНИЦА: Театар на угнетените – моќни трансформации и трансформации на моќта

РАБОТИЛНИЦА: Театар на угнетените – моќни трансформации и трансформации на моќта

by
499 499 people viewed this event.

Отворен повик за учество во работилница: Театар на угнетените – моќни трансформации и/или трансформации на моќта!

Колкава моќ има во движењето, гласот, играта?

Преку работилницата ќе истражиме колку е моќна личната и социјалната трансформација низ театарот и како ги трансформираме односите на моќта преку театарот.

Работилницата се базира на методите на Театарот на угнетените, со посебен акцент на техниката – Форум театар и Театар на слики. На работилницата ќе се обидеме да ги расветлиме односите на моќ што не опкружуваат, угнетувањата и микро угнетувањата кои станаа дел од нашиот секојдневен живот. Преку разни драмски вежби ќе дојдеме до она што го сметаме за важно во општеството кое не опкружува и таа општествена реалност ќе ја прикажеме низ театарска игра. Низ едноставни движења, звуци и акции, ќе дојдеме до драмски материјал кој ќе ни послужи како простор во кој ќе можеме да ги испробаме посакуваните промени во нашите животи и животите на оние околу нас. Вака, заеднички ќе го изодиме патот од играта до реалност.

Работилницата ја води Демир Мекиќ

Демир Мекиќ, социолог, тренер и практичар на Театарот на угнетените. Формалното и неформалното образование, применетиот театар и работата со млади се дел од неговиот професионален развој. Со Театарот на угнетените се заинамава повеќе од 10 години и во тој период го развива својот метод на работа со заедницата во целина преку употреба на театар, со акцент на работа со млади луѓе, во областа на теми поврзани со човекот права, интердисциплинрност и инклузија. Демир во текот на својата долгогодишна работа има одржано стотици работилници, семинари и обуки во регионот, а меѓународно, има учествувано и во создавањето на повеќе претстави и анимирани филмови. Некои од драмите на кои тој е автор/водач на драмскиот процес се: „Кон сонцето“ – драма за инклузија на бегалеци, „Прирачник за таверни“ – претстава за национализмот, „Тоа“ – претстава за угнетувањето на ЛГБТ+заедница во Босна и Херцеговина. Во текот на 2020 година, заедно со колегите од регионот, со поддршка од организацијата Форум ЗФД- Програма Северна Македонија, Демир изработи прирачник за користење на Театарот на угнетените во дигиталниот простор, наменет за едукатори кои се занимаваат со оваа тема.

АГЕНДА НА РАБОТИЛНИЦАТА

25. 09.
10:00 – 11:30 Вовед во Театарот на угнетените
11:30 – 12:00 Кафе пауза
12:00 – 13:30 Слики од нашата реалност
13:30 – 14:30 Пауза за ручек
14:30 – 16:00 Динамизација на слики/Скулптура
16:00 – 16:30 Кафе пауза
16:30 – 18:00 Желба на главниот лик

26.09.
17:00 – 18:30 Естетика на угнетените
18:30 – 19:00 Кафе пауза
19:00 – 21:00 Разработка на форумски сцени

27.09.
17:00 – 18:30 Разработка на форумски сцени
19:00 – 21:00 Интервенции и улогата на џокерот

28.09.
17:00 – 18:30 Подготовка на интерактивна изведба
19:00 – 21:00 Подготовка на интерактивна изведба

29.09.
17:00 – 18:30 Подготовка на интерактивна изведба
19:00 – 21:00 Подготовка на интерактивна изведба

Additional Details

Project Title -

Project -