
„КРАЛОТ Е ГОЛ“ – Серија работилници за дрег кралеви
КВИР програма на „Прво па женско“
24 октомври (сабота) | 11:00 – 15:00 часот
Во дрегот, женственоста е секогаш некако забавна за изведба – драматична е, ни дозволува да се накитиме, да претераме, да разбудиме восхит, да ја очараме публиката со нашиот ултра-сексапил. Но што е со кралевите и мажественоста? Ако „жена се станува“, мажот се чини е „од небо даден“ и како таков – досаден. А сепак, дали е така, дали кралот е навистина гол?
Идејата зад работилниците за дрег кралеви е да откриеме дека и мажественоста е отворено поле за себеоткривање и игра, без разлика на доминантниот родов израз. Во свет во кој машкоста е сѐ позатворена, фиксирана, оптимизирана и деструктивна, ајде со родокурцање да покажеме дека машкоста е и те како перформативна и продуктивна – може да засмејува и привлекува, да ја претвори моќта во самокритичност и да ги испреврти родовите очекувања.
Работилниците ги водат Лазарус и Падре Долоросо од DragKingsMK и Тања Матијашевиќ (СЛО), во соработка со Бучкуруж, а во организација на Тиииит! Инк. и Коалиција МАРГИНИ.
Additional Details
Project Title -
Project -




