
Звучна илустрација | Визуелно-акустичен перформанс на Глигор Кондовски
30 октомври (петок) | 19:30 часот
ПРОГРАМА:
• Интродукција
• Одек во просторот
• Звучен пејзаж
• Прекршување
• Видлив звук
• Звучен судир
• После звукот
Глигор Кондовски (роден 1980 година) е виолинист, композитор, филмски автор и фотограф. Дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност и филмска и ТВ-режија на Факултетот за драмски уметности во Тетово, а магистрирал филмско и ТВ-сценарио на ФДУ во Скопје. Моментално е на мастер-студии по композиција.
Вработен е во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, каде што работи како педагог. Со своите ученици има освоено бројни награди на државни и меѓународни натпревари.
Како музичар, има објавено повеќе албуми за македонските издавачки куќи Шарла, PMG Jazz и Аксиома, како и за странски издавачки куќи. Соработувал со бројни музичари и настапувал на фестивали и манифестации, меѓу кои „Крај Вардарот џез“, „Скопско лето“, „Џез во градот“ и „Прилеп џез фестивал“.
Како филмски автор, реализирал повеќе краткометражни и документарни филмови, кои биле прикажани на фестивали во Македонија и странство. Во 2022 година ја добил Гран-при наградата за филмот „Белешка“ на Државниот фестивал на аматерски филм во Валандово. Неговиот документарен филм „Сонцето не грее на сите страни“ бил прикажан на AsterFest во 2023 година.
Кондовски активно се занимава и со фотографија и има реализирано повеќе самостојни изложби, меѓу кои „Тетовски џез моменти“ (2019), „На сцена“ (2020), „Сфера“ (2021) и „Импровизации“ (2023), изложувана во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје и во „Порта Џез“ во Битола.
Additional Details
Project Title -
Project -




