Registrations have closed.
Прирачник за градење на институционален модел на јавно-граѓанско партнерство во културата: досегашни искуства, предизвици и идни насоки
by
654 654 people viewed this event.
По повод 10 години постоење на Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на промоцијата на “Прирачник за градење на институционален модел на јавно-граѓанско партнерство во културата: досегашни искуства, предизвици и идни насоки”.
Уредник и автор на предговорот е Јане Чаловски, а со свои гледишта се застапени авторите: Искра Гешоска, Артан Садику, Јасмина Билаловиќ, Никола Гелевски, Дарко Алексовски, Симона Манчева и Дона Костуранова.
Промоцијата ќе се одржи во петок, 09.12.2022 г. со почеток во 19:00 часот во просториите на КСП Центар Јадро (ул. Алберт Ајнштајн, бр. 1 – поранешната месна заедница Дане Крапчев во Дебар Маало).
Промоцијата ќе се состои од краток вовед на уредникот и разговор со авторите и публиката во насока на предизвиците со кои се соочува независната културна сцена и сите актери во неа. Дискусијата ќе ја води програмската координаторка Тијана Ана Спасовска.
Една од клучните цели што Асоцијацијата ги има поставено во својата мисија за сеопфатно зајакнување на независниот културен сектор, секако е транспарентното презентирање на принципот на јавно-граѓанско партнерство, што е воедно и фокусот на овој прирачник. Прирачникот претставува сублимација на досега стекнатите искуства во процесите на артикулирање и застапување за моделот на јавно-граѓанско партнерство преку постоечките законски регулативи во Република Северна Македонија. Како прва публикација, прирачникот е исчекор во насока на отворениот и критички дискурс по кој „Јадро – Асоцијација на независната културна сцена“ се води и е препознаена во државни и регионални рамки, од своите почетоци од 2012 година, па сè досега. Затоа ни е од големо значење вашето присуство, каде заеднички би продискутирале за идните чекори на „Јадро“ како и на независната културна сцена.
Проектот е поддржан од Министерство за култура.
Additional Details
Project Title -
Project -