Skip to main content

Прирачник за градење на институционален модел на јавно-граѓанско партнерство во културата: досегашни искуства, предизвици и идни насоки

Registrations have closed.

Прирачник за градење на институционален модел на јавно-граѓанско партнерство во културата: досегашни искуства, предизвици и идни насоки

by
659 659 people viewed this event.
По повод 10 години постоење на Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на промоцијата на “Прирачник за градење на институционален модел на јавно-граѓанско партнерство во културата: досегашни искуства, предизвици и идни насоки”.
🔸 Уредник и автор на предговорот е Јане Чаловски, а со свои гледишта се застапени авторите: Искра Гешоска, Артан Садику, Јасмина Билаловиќ, Никола Гелевски, Дарко Алексовски, Симона Манчева и Дона Костуранова.
🔸 Промоцијата ќе се одржи во петок, 09.12.2022 г. со почеток во 19:00 часот во просториите на КСП Центар Јадро (ул. Алберт Ајнштајн, бр. 1 – поранешната месна заедница Дане Крапчев во Дебар Маало).
🔸 Промоцијата ќе се состои од краток вовед на уредникот и разговор со авторите и публиката во насока на предизвиците со кои се соочува независната културна сцена и сите актери во неа. Дискусијата ќе ја води програмската координаторка Тијана Ана Спасовска.
🔸 Една од клучните цели што Асоцијацијата ги има поставено во својата мисија за сеопфатно зајакнување на независниот културен сектор, секако е транспарентното презентирање на принципот на јавно-граѓанско партнерство, што е воедно и фокусот на овој прирачник. Прирачникот претставува сублимација на досега стекнатите искуства во процесите на артикулирање и застапување за моделот на јавно-граѓанско партнерство преку постоечките законски регулативи во Република Северна Македонија. Како прва публикација, прирачникот е исчекор во насока на отворениот и критички дискурс по кој „Јадро – Асоцијација на независната културна сцена“ се води и е препознаена во државни и регионални рамки, од своите почетоци од 2012 година, па сè досега. Затоа ни е од големо значење вашето присуство, каде заеднички би продискутирале за идните чекори на „Јадро“ како и на независната културна сцена.

🔸 Проектот е поддржан од Министерство за култура.

 

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2022-12-09 @ 19:00 to
2022-12-09 @ 20:30
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends