
Бура и продор | перформанс
Режија: Теа Беговска
Актери: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим
Продуцент: Интернационален театарски фестивал СКУПИ
22 ноември 2023 (петок) | 20.00 часот
Театар. Шест актери. Еден телефон. Влезете во светот на шест актери кои го чекаат својот повик. Чекајќи го повикот, секој од нив добива шанса да се соочи и да ја раскаже својата бура. Перформансот „Бура и продор“ се занимава исклучиво со актерската професија и со лични бури поврзани со актерството и театарот, прикажани преку разни драмски и комични ситуации, ставајќи акцент на изразувањето преку движење. „Бура и продор“ е перформанс кој говори за актерот, пред сè како човек кој бурно се носи и бори со своето време. „Бура и продор“ е перформанс произлезен од шест-дневна работилница на интернационалниот театарски фестивал СКУПИ. Премиерата на „Бура и продор“ беше во рамките на фестивалот.


Additional Details
Project Title -
Project -




