Skip to main content

Програма 2021

Registrations have closed.
Програма 2021

Програма 2021

by
975 975 people viewed this event.

Програма 2021

Во текот на 2021 година, во рамки на Годишната програма беа предвидени и реализирани следниве активности: работилници во соработка со заедницата, серија презентации и разговори со македонски уметници, интердисциплинарни работилници, истражувања, проби и перформанси од областа на изведувачките уметности, концерти, поетски и литературни читања, изложби, предавања и разговори од повеќе области и изработка на мурал на фасадата на КСП Центар-Јадро. 

Во 2021 година, Министерството за култура продолжи со поддршка на Годишната програма со што установата го обезбеди континуитетот на своите програми. Годишната програма на установата оваа година беше поддржана и од Град Скопје.

Оваа година продолжи и имплементацијата на првиот поголем проект “Поддршка во етаблирање на новиот социо-културен Центар – Јадро како цивилно-јавно партнерство” (eng: Support to Establishment of New Cultural Centre Jadro as Civic-Public Partnership) на установата, поддржан од Швајцарската амбасада, а во партнерство со Јадро – Асоцијација на независната културна сцена. Во рамки на овој проект, продолживме со серијата предавања за различните теориски, социолошки и културолошки аспекти на хип-хоп културата, како и курсот по аудио-продукција.

Се реализираше втората фаза на проектот „Театар и интеграција“, базирана на истражување на телото и гласот на вклучените домашни уметници и работа со текст, под менторство на канадскиот режисер и педагог Ришард Ниечим, а која беше финализирана во август 2021 со документарен филм за процесот и перформанс.  

Исто така беа реализирани сериите разговори и презентации на домашни современи уметници, разговори со видео-уметници од земјата и регионот и разговори и презентации на домашни графички дизајнери (започнати во 2020 година). Овие две серии презентации, во транскрибирана форма беа публикувани во книгата „Во дијалог“, уредена од програмскиот кординатор Ѓорѓе Јовановиќ. Книгата беше промовирана во март 2022. Линк од книга

Јануари: Во овој период се реализираа серија театарски и танцови проби.

Февруари: Продолживме со објавување на песните на младите артисти кои беа избрани на отворениот конкурс за демо рап песна под менторство и продукција на Dj Goce, Druggy и Владимир Аговски – Аго. Сите продуцирани траки беа објавени на мини-албумот „Рап Про дел први“  

  • Marsh и Аgo – Ѓерданите 08.02.2021 

https://www.youtube.com/watch?v=SfHwIpEerLw

  • ВецВајсВерс и Аgo – Пред да исчезнам 05.05.2021

https://www.youtube.com/watch?v=TsyyQUY4sw0

  • М! и Dj Goce – Никогаш 14.05.2021

 https://www.youtube.com/watch?v=0G8S83AzjNs

  • Spask1, ChairMan & Cepo и Ago 20.5.2021

 https://youtu.be/aWw244mMMxw

  • Gambit и Druggy 25.05.2021 

https://youtu.be/xlHQo_tiRvg

Продолживме со објавување на серијалот на презентации и разговори „Македонски дизајнери“. Во фокусот на овие видео презентации беа авторските опуси и условите во кои се работи и продуцира во оваа област. Овој серијал е наш скромен придонес кон недостатокот на историографија и континуирана анализа на работата и успесите на домашните дизајнери, како и обид да се создаде простор за поголема видливост на дизајнот во јавната сфера.

Март: КСП Центар-Јадро  за прв пат распиша конкурс за реализација на партиципативен уметнички проект. Проектот „Домашна работа, наша работа“ на визуелната уметница Кристина Божурска беше избран за понатамошна реализација. Таа го развиваше својот проект во периодот март-јули преку серија предавања и практични работилници и резултатите од целиот процес ги претстави на изложба во просторот на Центар-Јадро на 14 јули. Во текот на својата работа таа соработуваше со Тевж Логар – куратор од Словенија. Во рамки на овој проект како автори  на текстови за публикацијата  беа вклучени водечки имиња од областа на партиципативната уметност – швајцарскиот уметник Томас Хиршхорн, и Драган Протиќ – Прота од колективот Шкарт од Србија. Линк за книга и датум https://www.facebook.com/centarjadro/videos/860793807872869

Слем поезија за Светскиот ден на поезијата. Општина Центар-Скопје, во соработка со КСП „Центар-Јадро“ и ОУ „Коле Неделковски“, организираше хибриден настан по повод 21 март – Светскиот ден на поезијата. На поетската слем-изведба со свои дела од општествено ангажирана поезија учествува Елена Пренџова, Игор Трпчески, Марија Грубор, како и млади поети-аматери од ОУ„ Коле Неделковски“. 

Продолживме со предавањата за хип-хоп елементите во современата култура

„Семантичките аспекти во потеклото на хип хоп ремиксот“ со Вангел Ноневски (1.03.2021) https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=3406125116155682  

„Фрагменти од секојдневието“ предавање на фотографот Сашко Илов. (5.03.2021)

https://fb.watch/rsPavLQUlK/ 

Во соработка со Waterforchanges изложба по повод Денот на водата (22.03.2021) https://www.facebook.com/centarjadro/posts/270125034592477

Април: Предавањето на словенечкиот куратор Тевж Логар „Неколку белешки за партиципативноста“ во чии рамки говореше за историјата на партиципативната уметничка практика, како и за стратегиите кои се користат при реализацијата на овој вид на уметнички дела (1.4.2021) https://www.facebook.com/centarjadro/videos/1354355098275772  

Дискусија со Исток Ј. Улчар за поврзаноста на рапот со поезијата и обратно https://www.facebook.com/watch/?v=307772800943217 (25.04.2021) 

Мај: Самостојна изложба „Слики“ на Стефан Младеновски на којшто беше прикажан редуциран и продуктивно селективен контекст како рецидив од досегашните истражувања и остручување во повеќе медиуми од ликовните изразности. (6.5.2021) https://www.facebook.com/events/955908145152147/?acontext=%7B%22event_action_history%22%3A[%7B%22surface%22%3A%22page%22%7D]%7D

„Фаза: Темно“  изложба на театарски фотографии на Драган Гајиќ. Врската на Гајиќ со театарот е интимна приказна. Тоа е приказна низ фотографии кои излегуваат од полето на кое припаѓаат; документаристичка фотографија која има за цел да го зачува мигот на претставата која ја има во одреден временски/сценски простор. (20.05.2021)

https://www.facebook.com/events/180595797278585/?acontext=%7B%22event_action_history%22%3A[%7B%22surface%22%3A%22page%22%7D]%7D 

Концерти: По првата серија концерти, снимени и продуцирани во 2020 година кои постигнаа одлична гледаност на социјалните мрежи, во 2021 продолживме со реализација на концертите. Покрај конвенционалната организација на концерти, за прв пат во Северна Македонија се одржа музичка битка (анг. rap battle) помеѓу рап продуцентите Druggy (Скопје) и Кискинов (Струмица). Со оглед на пандемијата, а со цел концертите да се достапни до што поголем број на публика, концертите беа снимани и премиерно емитувани на facebook и instragram страниците на КСП Центар-Јадро, каде што и понатаму се достапни за гледање.

Го реализиравме концертот Рап про дел први 26.05.2021 и направивме промоција на CD-то со младите артисти 03.06.2021

Оваа година го започнавме Читачкиот клуб под водство на филозофот и активист Артан Садику. Во периодот мај -септември. 

Во социокултурен контекст, каде што се соочуваме со голема потреба за дијалог и анализа на општествените и културните бранувања, читачкиот клуб преку разговори од актуелна културолошка, социолошка и политичка теорија имаше цел да даде придонес во критичката артикулација на политичките и уметничките практики. Идеите што повторно го реактуализираат промислувањето на идеолошките наративи, значењето на дисензусот во полемичката комуникација и новите знаења и значења, беа и се во фокусот на нашите разговори. Делата на Фредерик Џејмсон, Стуарт Хол, Марк Фишер, Дејвид Грабер, Франко Бифо Берарди и Жак Рансиер беа дел од читачката програма.

Во Читачкиот клуб учествуваа: Диме Јанев (магистрант по студии на политиките при Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје), Вики Младенова (докторант на Универзитетот L’Orientale во Неапол, Италија на Одделот за хуманистички и општествени науки), Игор Јовановски (политиколог), Ана Кнежевиќ (дипломирана компаратистка при УКИМ) и Ѓорги Пулевски (магистер по студии на политиките при ИОХС).

Текстовите кои произлегоа од средбите на читачкиот клуб се објавија на нашата веб-страна и истите на 22 декември се објавија во брошурата наречена „Друштво на (не)моќ“ која е збирка на текстови кои се директен производ од средбите и разговорите на читачкиот клуб на Центар-Јадро за 2021 година. Линк за книга

Видео-колажот насловен „Скапиот живот исполнет со евтини задоволства“ кој е инспириран од идеите од читачкита група, е дело на кинематограферот, сценаристот и режисер Кристијан Караџовски и е oбјавен на 28 декември. https://www.facebook.com/centarjadro/videos/327014359276566

Во 2021 исто така отворивме библиотека со книги достапни за бесплатно изнајмување. Збирката воглавно се состои од автор(к)и кои ги анализираат актуeлните естетички, социолошки и политички текови. Најголем дел од овие книги беа користени за читачката група на Центар-Јадро за 2021 година.

Јуни: Ја започнавме презентацијата на македонските современи уметници преку избор на 10 уметници од различни генерации, кои континуирано се присутни на уметничката сцена и за кои сметавме дека со своите дела, темите кои ги обработуваат, и авторскиот интегритет се релевантни до денес.

Разговорите со видео уметници од Северна Македонија и поширокиот регион започнаа од крајот на 2020 година со онлајн презентација и разговор на Верица Ковачевска во разговор со кураторот Јованка Попова на ФБ страницата на Центар-Јадро. Серијалот продолжи и во 2021 со реализацијата на други четири презентации, во периодот јуни-август 2021 година, и тоа:

Работилница „Звучен пејзаж 2“ како континуитет на проектот во минатата година се одржа во јуни и беше под менторско водство на Алесандро Ола, а во неа зедоа активно учество млади домашни уметници од различни дисциплини. Звучниот пејзаж на Скопје за прв пат беше претставен во рамки на финалната презентација на работилницата, на 07.06.2021 во КСП Центар-Јадро. https://soundcloud.com/centar-jadro/skopje-soundscape-0 

Во соработка со Коалиција Маргини, во јуни се отвори и заедничката изложбата на Дарко Алексовски и Зорица Зафировска „The Queer Common: Trauma and Utopia“ во во склоп на настанот „Викенд на гордоста“, курирана од Славчо Димитров. (9.6.2021) 

Со темата за настраното заедничко/заеднички добра сакаме да адресираме разнородни перспективи и проблеми поврзани со заедничкото (common/s).  „Стихови од траума и утопија“ е колаборативно дело на Зорица Зафировска и Дарко Алексовски, замислено и продуцирано во контекст на нивната заедничка изложба на Skopje Pride Weekend 2021. Делото кое е развиено во дијалошка форма—авторите наизменично се надоврзуваат со нов стих како реакција на претходниот—се обидува преку поетски слики да ги дознае и претстави работите кои ни се заеднички, така што зборува за состојби кои се многу субјективни, но и универзални истовремено. Формирано на пресекот помеѓу самостојните проекти кои ја сочинуваат изложбата, делото е одговор на размислувањата за тоа што им е заедничко на практиките и интересите на авторите. https://www.facebook.com/centarjadro/posts/319963216275325

Работилницата „Плејбек театар“, под водство на Лучила Трапацо беше наменета за изведувачки, музички, и визуелни уметници, како и креативци кои би сакале да стекнат вештини и знаења од областа на партиципативниот театар, театарот на импровизација и театарот применет како алатка за работа со заедницата. (07-17.06.2021)

Работилница „Гласот на телото“, во рамки на која учесниците во работилницата го претставуваа процесот на работа реализиран во претходните седум дена, под водство на Искра Шукарова и Питер Шишиоли. 

“Забавата е моја” – креативната работилница под водство на Миган О’Шеј, во партнерство со КСП Центар-Јадро.

Објавена компилацијата на песните изработени од  учесниците на 8 месечниот бесплатен курс по аудио продукција со наслов ЗВУЧНА РЕАНИМАЦИЈА https://www.youtube.com/watch?v=_NnrSvry3n8&list=PLuVATv1-jKUNp-39Et4rkLGCiGMVm1yeD

Септември: 

Во првата половина на септември, тимот на КСП Центар-Јадро, заедно со проектниот координатор на Јадро-Асоцијација, учествуваа во работната средба во Белград на координативниот тим на регионалниот европски проект REG.lab / Regional Lab: New Culture Spaces and Networks as drivers of an Innovative and Sustainable Bottom-up Development of Regional Collaboration. Во овој проект, КСП Центар-Јадро беше вклучен во работниот пакет за програмска размена и уметничка циркулација помеѓу сродните, независни културни центри од регионот. Паралелно со работната средба во Белград беше реализирана и првата програмска размена, помеѓу Центар-Јадро и Магацин со проекција на документарен филм за процесот на работа во проектот „Театар и интеграција“ на КСП Центар-Јадро, како и изведба на перформансот „Столче за разговор“ и модериран разговор со уметниците вклучени во перформансот и проектот.  https://fb.me/e/24VnWL6bP 

Втората фаза од проектот „Театар и интеграција“ продолжи со реализација во 2021 година. Проектот имаше за цел продлабочување на занаетот на актерот, за уметничко истражување на телото, гласот и ритмите на вклучените изведувачи. Документарецот за целиот проект беше промовиран на 15 септември.

https://www.youtube.com/watch?v=gODlqbTKNIo

„Прозорец со поглед – неограничено време во ограничен простор“, заедничкиот проект на визуелниот уметник Иван Ивановски и композиторот Александар Пејовски (03.09.2021)

https://www.facebook.com/centarjadro/posts/380989786839334

И во 2021 продолживме со реализација на проектот „Мурали“ – изработка на времен мурал на фасадата на КСП Центар -Јадро. По реализираниот отворен конкурс на кој добивме петнаесет идејни решенија, од страна на стручната комисија беше селектирано идејното решение “Space Objects” на ликовниот уметник Гоце Илиевски како визуелно и концепциски најуспешно. Илиевски го изработи муралот во месец септември, 2021 година.

https://umno.mk/mural-od-goce-ilievski-na-fasadata-na-jadro

Уметност, образование и технологија во ерата на (пост) КОВИД-19″ Во 2021 ја започнавме серијата разговори и предавања во соработка со Универзитетот ФОНТИС од Холандија и професор Анис Сефиданис од Факултетот за информатичка технологија Св. Апостол Павле.  Оваа програма има за цел да го истакне она што е веќе направено на ова поле и да го идентификува потенцијалот на дигиталните технологии за уметничкиот сектор. Се разговараше и за тоа како VR и другите технологии може да се користат за подучување, создавање и споделување уметност. Фокусот беше ставен на креативната технологија која е достапна за сите и не бара специјализирано знаење или опрема. (12.09.2021)

https://centarjadro.mk/event/%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%B5%D1%85%D0%BD%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8-%D1%83%D1%87%D0%B5%D1%9A%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D1%83%D0%BC%D0%B5%D1%82-2/ 

Во Центар Јадро се одржа изложбата насловена „Slowscapes 4“ – изложба за македонска еколошка мода и дизајн. (29.09.2021)

Октомври:

Групна изложба „Надминување на уметноста“ курирана од ликовната уметница Ивана Самандова и историчарката на уметност Ангела Витановска. Во изложбата учествуваа уметниците: Дарко Алексовски, Јасмина Руневска Тодоровска, Горан Ристовски, Ѓорѓе Јовановиќ, Ана Јовановска и Соња Ставрова. 

Овие уметници предложија специфичен обид за излевање на своите мисли во ликовен израз кој го одразува односот присуство-отсуство на уметникот, егзистенцијаната слабост и неизвесност, копнежот за бегство од „новата стварност“. Делата од поставката го посредуваат ланското искуство на создавање уметност во изолација. Од своја страна, придружното издание на изложбата – во кое покрај есеите на кураторките застапени се и прилозите на Џон Блеквуд и Бојан Иванов – го отвора просторот засегнат од овие дела и повикува да придонесете кон тековната дебата (12.10.2021) https://www.facebook.com/centarjadro/posts/398946505043662

Изложба на СКАЛА магазин со наслов „Патерн: визуелни размисли за стереотипите“ 

Под слоганот „Затоа што вашата уметност припаѓа во галерија, а не на инстаграм!“ „Скала магазин“ ја претставува првата групна изложбена поставка на авторски дела во повеќе медиуми од визуелните уметности (16.10.2021) https://www.facebook.com/centarjadro/posts/401798141425165

Самостојната изложба „Consutum“ на Ана Спасова (22.10.2021) https://www.facebook.com/centarjadro/posts/405469694391343 

Во просторот на Центар-Јадро се одржа затворена слушачка промоција на „Дијагноза“ ЕП албумот на Гамбит (Стефан Дуковски) (09.10.2021) https://www.facebook.com/watch/?v=460253935271573 

Ноември:

Се реализираше тридневната серија работилници за актери и танчери „Низ просторот“, на која преку современи танцови техники, ги воведе учесниците во динамична работа со тело преку игра со партнери и со сценскиот простор. Работилниците вклучуваа вежби за будење на креативноста и нови пристапи при игра со тело, со можност телото да го искористиме како алатка за посилно отелотворување на одредена идеја или внатрешна слика. Вклучените актери и танчери работеа заедно на поставување на кратки етиди. (28-30.11.2021) https://www.instagram.com/p/CW6N6EDsHbv/?utm_medium=share_sheet&fbclid=IwAR05TjKqH4oTJqzn26fgtUR9UMZKmm5hBC-dwGTyjQu6o0_umIS895j2PiI 

„Работилница за тајната на звукот и изработка на музички инструменти од сенешто“ Изработката и свирењето на инструменти од работи кои ги користиме во домаќинството е со огромна едукативна, еколошка и уметничка вредност што може да ја врати музичката креативност кај луѓето. Овие инструменти помагаат да се поттикне иновативноста и музичката креативност. Креирајќи сопствени инструменти децата и возрасните можат да го развијат својот природно имагинативен и партиципативен пристап кон учењето. (28.11.2021) https://www.facebook.com/watch/?v=269084295194887

Како поддршка на организација Флуксус бевме дел од конкурсот „Средношколци на Самоглас“ (12.11.2022) https://www.facebook.com/samoglas.mk/posts/442923683917211 

Завршна изложба на фотографии и кратки филмови продуцирани од млади од Словенија, Унгарија и Македонија кои беа дел од проектот Еразмус + „Изгледот може да измами“. Отворањето на изложбата се случи истовремено во трите земји, и се пренесуваше во живо. (11.11.2021) https://www.facebook.com/centarjadro/posts/418364963101816

„Времеплов“ – изложба со мултимедијална насока на Сарита Конеска https://www.facebook.com/events/1094534021292972/?ref=newsfeed 

Концерт на Марко Станковски и DJ Огнен (20.11.2021) https://www.facebook.com/centarjadro/posts/423273782610934

Декември:

Се отвори групна изложба на сито печат „Кошмари и соништа“ –  на која беа претставени делата на Емилија Дамјановиќ, Мерима Сарачевиќ, Евгенија Трајковска, Маја Андоновска Јокиќ, Јоана Ристеска, Татјана Јовановска, Јелена Белиќ, Катерина Димитровска и Милена Петковска: Во текот на 8 неделната работилница, преку принципот на длабински цртеж се работеше на темата кошмари и соништа. Учесниците нурнаа во длабокото за на површина да го изнесат богатството на колективното несвесно во црно – црвена боја. Преку соочувањето со сопствените кошмари, работилницата се фокусираше на сонот кој лекува, а доаѓа после кошмарот. Резултатот од овој процес е книга, своевидна манифест на современата везилка која неуморно твори создавајќи печат низ времето.(18.12.2021)

Се реализираше серија од осум видео-портрети „Македонски современи писатели“ во која беа вклучени Магдалена Хорват, Јовица Ивановски, Ива Дамјановски, Владимир Лукаш, Андреј Ал-Асади, Елена Пренџова, Живко Гроздановски и Билјана Црвенковска. https://www.facebook.com/watch/101239454814370/636247594080299 

Го реализиравме електро-акустичниот концерт„SK-963 AA“ “ –  музичка колаборација помеѓу Андреј Блажевски и Александар Ордев https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=247424680633702

КСП Центар-Јадро беше дел од организацијата на деветото по ред годишно собрание на Кооператива – Регионалната платформа за култура. За време на собранието се прикажа селекција на повеќе анимирани филмови од овогодишниот фестивал Anibar, а нашите вработени беа учесници на дискусии за онлајн културата во време на пандемија и друго. 

Покрај реализираната сопствената програма, во 2021 година бевме домаќини и дававме логистичко-техничка поддршка во реализацијата на бројни проекти, програми и активности на бројни корисници од независната сцена кои го резервираа и користеа просторот за најразлични програмски содржини. Просторот беше резервиран и искористен во 460 термини, од кои над 280 за програми од затворен карактер (проби, работилници, курсеви, тренинзи, снимања, работни состаноци итн.), а 170 за програми од отворен карактер (изложби, концерти, перформанси, инсталации, завршни презентации на работилници итн.).  

 

Additional Details

Project Title -

Project -