Skip to main content

Премиерна изведба на кореодрамата „СамоТи(И)Ја“

Registrations have closed.
Премиерна изведба на кореодрамата „СамоТи(И)Ја“

Премиерна изведба на кореодрамата „СамоТи(И)Ја“

by
186 186 people viewed this event.

Проектот „СамоТи(И)Ја“ е кореодрама која раскажува за истражувањето и себе-истражувањето низ еден процес кој ќе ги поведе перформерите, како и публиката во еден поинаков сценски израз, преку кој двајцата перформери ќе раскажат едноставна, а многу силна и впечатлива приказна. Ова е перформанс за вечната потрага по љубов, која понекогаш знае да задоцни, некогаш да ја одминеме, а некогаш и да помислиме дека нема да дојде никогаш, за тогаш кога најмалку очекуваме да нѐ изненади во најубавата форма. Две личности, се бараат меѓусебно насекаде и во секакви форми, преку разни инстинкти – допир, поглед, мирис… и сѐ почнува од мирисот како знакот кој е предводник во потрагата и пронаоѓањето еден со друг во овој свет. Приказната се одвива во време кое не постои, кое е сега и тука и засекогаш останува зацементирано во еден магичен круг на двајца кои не можат еден без друг и имаат само едно срце кое не може да се подели на две. Проектот „СамоТи(И)Ја“ е трет авторски проект на Бојан Лазаров и Енџи Николоска каде двајцата перформери го истражуваат телото и просторот како инструмент за раскажување на приказни кои допираат и комуницираат со публиката на неконвенционален начин.

Бојан Лазаров е актер, танчер, перформер и едукатор од Република Северна Македонија. Студирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје и на Факултетот за музичка уметност, каде дипломирал во областа балетска педагогија. Работи како доцент на Факултетот за драмски уметности и има учествувано во бројни театарски и танцови проекти, како и интернационални работилници под водство на познати театарски мастери.

Енџи Николоска е дипломиран драмски актер од Факултетот за драмски уметности во Скопје. Нејзината кариера вклучува учество во меѓународни фестивали за монодрама и независна сцена, како и креирање на кратки филмови инспирирани од поезија. Исто така, е дел од театарски и танцови перформанси, и настапува како „жива статуа“ на улични и филмски фестивали во Македонија и странство.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2025-04-10 to
2025-04-10
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends