Skip to main content

ПРОЕКТ – КОРЕНИ: Работилница за движење со интердуисциплинарен пристап со Естер Бејкер и Искра Шукарова

Registrations have closed.
ПРОЕКТ – КОРЕНИ: Работилница за движење со интердуисциплинарен пристап со Естер Бејкер и Искра Шукарова

ПРОЕКТ – КОРЕНИ: Работилница за движење со интердуисциплинарен пристап со Естер Бејкер и Искра Шукарова

by
225 225 people viewed this event.

16 – 19 ноември (недела – среда)
На 16 ти ноември работилницата ќе почне од 11:00 часот до 19:00 часот
На 17 ти, 18 ти 19 ти ноември работилницата ќе се оддржи од 15:00 часот до 20:00 часот

Во периодот од 16 – 19 ноември во КСП – Центар Јадро, Естер Бејкер (САД) и Искра Шукарова (РСМ) ќе оддржат интердисциплинарна работилница насловена КОРЕНИ отворена за : уметници, танчери, не- танчери, не-професионалци, членови на заедницата, и студенти.

Фокусот на работилницата ќе биде импровизација, ритмички танц, игра, градење на колективна група и движење во и со природата. Ќе се движиме внатре и надвор во просторот.
Како дел од работилницата ќе градиме скулптурни структури во просторот, времето и флуидноста. Исто така како дел од процесот заеднички ќе го истражуваме дрвото – врба одејќи низ градскиот парк во Скопје. Во процесот на заеднички предавања желба ни е да се движиме кон отпор, нежност, и да ги испитаме вкоренетите релации учејќи еден од друг.

Работилницата КОРЕНИ е реализирана во соработка со КСП – ЦЕНТАР ЈАДРО во Скопје. Презентацијата на проектот ВРБА која е уметничка ко- креација на Естер Бејкер (САД) и Искра Шукарова (РСМ) ќе биде презентирана како дел од програмата на МОТ ФЕСТИВАЛ во соработка со КСП – ЦЕНТАР ЈАДРО.

Естер Бејкер (САД) и Искра Шукарова (РСМ) се дел од мрежата
Interdisciplinary International Artist Consortium (IIAC) основана од Питер

За уметниците:

Искра Шукарова – кореографка, изведувачка и професорка; магистрирала на Laban Centre London, а докторирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Kooсновачка на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, коосновачка на фестивалот Локомоушн и Балканската танцова мрежа.

Естер Бејкер – кореографка, едукаторка и интердисциплинарна уметница (МА, МФА, UCLA). Коосновачка на колективот Propelled Animals; предава на Temple University. Нејзината меѓународна практика ги поврзува перформансот, екологијата и заедничкото дејствување.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2025-11-16 to
2025-11-19
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends