Skip to main content

Да бидеме заедно, додека сме разделени

Registrations have closed.

Да бидеме заедно, додека сме разделени

by
559 559 people viewed this event.
Онлајн изложба во организација на Културно социјален простор Центар- Јадро и Јадро- Асоцијација на независната културна сцена
со времетраење од 11 до 18 јуни 2020.
Уметници:
  • Иван Ивановски
  • Симона Манчева
  • Дарко Алексовски
  • Доротеј Нешовски
  • Елена Чемерска
  • Зорица Зафировска
  • Никола Узуновски
Куратор: Јованка Попова
Координатор на проектот: Ѓорѓе Јовановиќ
Состојбaта на криза, со сите политички и економски промени кои ги носи, го зголемува јазот и уште повеќе ги истакнува разликите меѓу различни групи и поларизирани заедници.
Дури и во „нормални“ услови, Хито Стејерл вели дека освен „домашната и работата на негувателите – уметноста е индустрија со најмногу неплатена работна сила околу себе. Таа се заснова на времето и енергијата на неплатените практиканти. Бесплатната работна сила и неконтролираната експлоатација се невидливата темна материја што го овозможува функционирањето на секторот за култура“.
Во време на оваа новонастаната ситуација неизвесноста во секојдневието на прекаријатните културни работници станува далеку поизразена. Честопати сме разочарани од немањето слух за нашите политички барања, а надежта треба да ја најдеме единствено во фактот што се имаме едни со други. Она што не можеме да го добиеме од државата, работодавецот, синдикатот, го бараме еден кај друг. И го наоѓаме.
Нашите пријателства го сменија „пејзажот“ и „мигрираа“ на интернет мрежата. Сепак, пријателството е многу повеќе од релација на социјалните медиуми. Оттука, во потрага сме по нови начини и простори кои го комбинираат институционалното и социјалното, здрави работни заедници кои се подршка во насока на соживот за решавање на реални проблеми и взаемна помош.
Новиот проект на Културно социјален простор Центар- Јадро насловен “Да бидеме заедно, додека сме разделени” покани седум уметници кои ја делат состојбата на прекаријатска неизвесност. Претставените дела ги адресираат скриените и не толку скриени нееднаквости во општеството и причините кои ги предизвикуваат, преку истражувања на емотивните состојби во време на криза, ограничувањето од општествените конструкти во однос на личната слобода, социјалното домување, грижата за околината и јавниот простор, експлоатација на трудот и мигрантската криза, неизвесноста од иднината, со финална цел да укажат на неопходноста од заедничко здружување и решавање на заедничките проблеми во прекаријатскиот даден контекст.
Намерата на проектот е истовремено да апелира за конечен прекин на практиката на бесплатно искористување на уметничкиот труд и да укаже од неопходноста од платена уметничка работа. Делата се претставени виртуелно, но взаемната грижа е реална.
Оттука, уште една задача што ни претстои е повторно да го откриеме значењето на солидарноста, колективна грижа и делување во заедништво.
Проектот е реализиран со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, Министерство за култура на Република Северна Македонија, Јадро- Асоцијација на независната културна сцена во рамки на проектот „Учествуваме, застапуваме, менуваме“ , ЦАЦ- Центар за современи уметности и КСП Центар-Јадро.

Additional Details

Project Title -

Project -

Event registration closed.
 

Date And Time

2020-06-11 @ 10:00 to
2020-06-11 @ 23:30
 

Registration End Date

2020-06-18
 

Location

Online event
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends