Skip to main content

Едукативната работилница за деца „Што е река?“

Registrations have closed.
Едукативната работилница за деца „Што е река?“

Едукативната работилница за деца „Што е река?“

by
290 290 people viewed this event.

„Реко, што си ти?“, се прашува малото девојче на почетокот од прекрасната приказна раскажана во сликовницата „Што е река?“ на Моника Вајценавичене.

Дали сте и вие љубопитни да дознаете повеќе за моќните реки, тие извори на живот и фантазија кои се насекаде околу нас? Издавачката куќа „Илика“ и КСП Центар „Јадро“ срдечно ги канат сите љубопитни дечиња на возраст од 8 до 10 години да ни се придружат во заедничката потрагата по одговори. Работилницата ќе се одржи на 1. февруари од 11:00 часот во просториите на КСП Центар „Јадро.

Едукативната работилница за деца „Што е река?“ инспирирана од истоимената сликовница на Моника Вајценавичене низ игра ги воведува децата во магичниот свет на реките кои се клучен дел од еко-системите. Преку интеракција со другите учесничиња, децата ќе имаат можност да се запознаат со интересни и важни факти од областа на географијата, на биологијата и на митологијата и да ја разберат поблиску значајноста на реките како извори на енергија и на имагинација и како двигатели на соживотот помеѓу човекот и природата.

Која е најдолгата река на светот, а која најдлабоката? Кои животни живеат на брегот од реките, а кои во нив? Какви приказни се раскажувале во минатото за реките? Овие и уште многу други прашања ќе бидат одговорени низ разновидни активности, вклучувајќи и читања на делови од самата сликовница во текот на работилницата која ќе ја водат Андријана Папиќ Манчева и Катерина Шекутковска.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2025-02-01 to
2025-02-01
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends