Skip to main content

Историскиот развој на музиката и нејзиниот однос со политиката

Registrations have closed.

Историскиот развој на музиката и нејзиниот однос со политиката

by
592 592 people viewed this event.

КСП Центар-Јадро продолжува со својата онлајн програма со серија на предавања од различни општествено релевантни теми. Следнотa дискусија ќе е блок дебата и ќе се одржи на 27 септември (недела) 2020 со почеток од 20:00 часот на Facebook профилот на КСП Центар-Јадро. После дискусијата, публиката ќе може да учествува со свои коментари и прашања.
Релацијата на уметноста со општеството е од фундаментална важност како за општеството така и за уметноста. Музиката како една автономна естетичка и културна дејност има свои корени во историјата, а со тоа и своја историја. Напредокот во историјата кој во последниве 250 години се случува низ праксата на политиката, влијае и врз музиката и нејзиниот напредок. Оттука, односот на музиката и општеството во ХХ век е доста значаен и разотуѓувачки за филозофи како Теодор Адорно, кој низ т.н. Нова музика (позната во пошироките кругови како атонална музика) ја дизајнира новата утопија, а со тоа го враќа и утопиското мислење во теоријата и филозофијата на културата.
Дискусијата ќе биде проследена со кратки примери за историскиот развој на музиката и нејзината репрезентативност во однос на општеството. Низ делата на низа композитори и низ теориската музичка форма ќе се укажат релациите со политиката и можноста за една нова аксиологија, политика и култура. На крај, ќе бидат изведени некои заклучни согледби во однос на статусот и улогата на музиката денес, во општеството и културата, во која свесно или несвесно учествуваме и сме напојувани сите.

Мариглен Демири роден во 1985 година во Битола, автор на магистерски труд со наслов Теодор Адорно и филозофијата на социјалната субверзивност, работи како помлад истражувач во Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје.

Вангел Мажевски роден во 1986 година во Битола, дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во моментов работи како професор по композоција и солфеж во Средното музичко училиште во Битола.

Дискусијата е дел од годишната програма на КСП Центар Јадро која е финансиски поддржана од Министерство за култура.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2020-09-27 @ 20:00 to
2020-09-27 @ 21:30
 

Location

Online event
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends