Skip to main content

Камерен чалгиски концерт – Ансамбл Македонија

Registrations have closed.

Камерен чалгиски концерт – Ансамбл Македонија

by
653 653 people viewed this event.

На 13 април во 19:00ч. Ансамблот Македонија организира – Камерен чалгиски концерт во просториите на КСП-Центар Јадро.

Активностите на Ансамбл Македонија започнуваат на 13.04.2022 со мотивирање на заедницата, односно со изведба на камерен чалгиски концерт, специјално наменет за група на пензионери кои живеат и творат во околината на Центар Јадро.

Концертот е прва во серијата презентации и интердисцилинарни едукативни содржини, кои Ансамблот Македонија ги реализира во соработка со Центар-Јадро, а кои (ќе) ја вклучуваат локалната заедница. Главно соработката ќе се движи во неколку правци и тоа: мотивација на околната заедница, мотивација на образовни и културни институции, реализирани преку концерти, работилници, изложби и други културни манифестации. 

Дел од идните настани кои би ги издвоиле се: работилниците за возрасни, едукативните концерти за ученици од основни училишта, едукативни изложби поврзани со традиционалната култура, како и една од активностите Амбасадите и традицијата. Исто така во наредниот период би издвоиле и неколку активности, кои би биле од особена важност, а се интересни за публиката и за заедницата, такви би биле: Тапанот во Македонија, Фолклорното творештво на Власите, Низ објективот и Скутина, фута, бовча, диљка.

Ансамблот Македонија претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар – професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции. Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење.

Основната порака од концертите на македонските културни амбасадори може само да се почуствува и доживее. Ансмблот Македонија, е оформен 2012 година, и во краткиот временски период на активно творење реализираше голема турнеја во Јапонија во 2013 год,турнеји и гостувања во Холандија, Бугарија, Германија, Србија, Турција, Полска, Литванија како и голем број на концерти во повеќе градови во Македонија. Во изминатите седум години ансамблот има реализирано повеќе од 500 концертни активности низ Македонија и светот. 

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2022-04-13 @ 19:00 to
2022-04-13 @ 21:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends