Skip to main content

Онлајн дискусија: Естетизацијата на хип хоп културата

Registrations have closed.

Онлајн дискусија: Естетизацијата на хип хоп културата

by
596 596 people viewed this event.
КСП Центар-Јадро продолжува со својата онлајн програма со дискусија со Анастас Гоџо за асимилирањето на хип хоп културата, т.е. како се изместија нејзините примарни мотиви како борбата против расните, социјалните и класни раслојства во култура на елитизам, висока култура и мода, со тоа станувајќи главен амбасадор и промотор на она против кое првично се борела.
Дискусијата примарно ќе се обиде да ги анализира следните феномени:
1. Начелното значење на хип хоп културата и нејзината борба против систематската дискриминација на афро-америчката популација.
2. Присуството на високата мода во хип хоп-от уште од неговите почетоци па се’ до денес.
3. Фасцинација кон материјалното: како движење кое претставува бунт и револт, прерасна во аспирација кон луксузни модни брендови, луксузни автомобили, вили и накит.
Поентата на оваа дискусија е да се поттикнат неколку прашања околу развојот на хип хоп-от како движење кое моментално доживува најголема експанзија во музичката индустрија, и може слободно да се каже дека е рамо до рамо со популарната музика, всушност самиот хип хоп станува поп музика и креира трендови кои влијаат на помладите генерации.
Естетизацијата започнува во оној момент кога сетилноста ја заменува идејата, односно во моментот кога во преден план доаѓа изгледот и вајбот, носејќи го самиот тренд, а пораката односно суштината останува во втор план.
Анастас Гоџо е дипломиран професор по филозофија со посебен интерес кон естетиката како филозофска дисциплина. Заљубеник во хип хоп културата, будно ги следи случувањата внатре во неа и се интересира да го истражува нејзиниот развој и влијанието кое го црпи и од музички и од социо-културолошки план.
Модератор: Ѓорги Пулевски
Дискусијата ќе се одржи на 10 (сабота) октомври 2020 со почеток од 19:30 часот на Facebook профилот на КСП Центар-Јадро. После дискусијата, публиката ќе може да учествува со свои коментари и прашања.
Серијата на дискусии за хоп хопот се поддржани од Амбасадата на Швајцарија во РС Македонија.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2020-10-10 @ 22:00 to
2020-10-10 @ 23:30
 

Location

Online event
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends