Skip to main content

Онлајн дискусија #3: Музиката во македонскиот игран филм

Registrations have closed.

Онлајн дискусија #3: Музиката во македонскиот игран филм

by
553 553 people viewed this event.
КСП Центар-Јадро продолжува со својата онлајн програма со серија на предавања од различни општествено релевантни теми. Tретото предавање ќе се одржи на 17-ти јуни 2020 (среда) со почеток од 18:00 часот на Facebook профилот на КСП Центар-Јадро. После дискусијата, публиката ќе може да учествува со свои коментари и прашања.
Oткако звукот и видеото се споија на филмското платно, филмската музика е неизоставен дел од филмскиот расказ. Да се пренесе пораката на филмската музика од имагинацијата на нејзините креатори до ушите на публиката е магичен момент кој може да диктира расположение, темпо и динамика.
Музиката во македонскиот филм е тема која на академско ниво не е често обработувана кај нас. Влијанијата на различните правци во различни периоди и простори во македонскиот филм е тема која се уште буди интриги кај филмските зависници. Нашиот соговорник д-р Александар Трајковски пионерски со својата книга „Музиката во македонскиот игран филм: од Фросина до Лазар“ (2019) структурно го прошири оспегот на сфаќањата за филмската музика кај нас, преку пообемна музиколошко-филмолошка анализа на македонскиот игран филм. Истражувањата и анализите Трајковски ги правел за потребите на неговата докторска теза „Филмската музика како форма на комуникација: музиката во македонскиот игран филм во периодот од 1952 до 2011 година“, која ја одбранил во 2014 година на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, под менторство на проф. Д-р Ганка Цветанова, инаку и рецензент на книгата.
Александар Трајковски e роден 1978 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност на одделот за музичка теорија и педагогија, каде го одбранил и магистерскиот труд „Организацијата и содржината на музичката настава во Република Македонија во периодот од 1950 до 1962 година“.
Досега учествувал на повеќе меѓународни конференции и симпозиуми со научни трудови кои обработуваат теми од областа на музикологијата и музичката педагогија и е автор на поголем број трудови објавени во реномирани музички и културолошки списанија и научни зборници. Автор е и на монографијата ,,70 години АКУД Мирче Ацев”, коавтор на книгата ,,Зина Креља, сопран, првенка на Операта при Макрдонскиот народен театар”, а се јавува и како дел од авторскиот тим на монографијата за режисерот Бранко Гапо. Добитник е на наградата ,,13 Ноември” за публицистика за 2019 година.
Дискусијата е дел од годишната програма на КСП Центар Јадро која е финансиски поддржана од Министерство за култура.

Additional Details

Project Title -

Project -

Event registration closed.
 

Date And Time

2020-06-17 @ 18:00 to
2020-06-17 @ 19:30
 

Registration End Date

2020-06-18
 

Location

Online event
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends