
Промоцијата на поетска збирка на Љубица Шопова „Надвор од единиците мерки“
Промоцијата на новата, втора поетска збирка на Љубица Шопова „Надвор од единиците мерки“ во издание на „Илика“ ќе се одржи на 2. април во 19:00 часот, во КСП Центар-Јадро. Со авторката ќе разговара Катерина Шекутковска, а стихови ќе чита Ивана Јовановска.
„Надвор од единиците мерки“ е контемплативна и нежна поетска збирка во која Шопова ги истражува границите помеѓу материјалното и духовното низ поезијата, потсетувајќи нѐ на нештата што не можат да се дофатат со голо око, што не можат да се квантифицираат и да се измерат.
Љубица Шопова (1985) е родена во Скопје. Дипломирала и магистрирала на Економскиот факултет во родниот град. Пишува поезија и статии од областа на бихевиоралната економија. Во 2020 година ја објавува својата прва збирка поезија „Форми во создавање“ во издание на „ПНВ Публикации“. Учествувала на повеќе поетски читања и фестивали. Нејзината поезија е застапена во домашната периодика и е преведена на српски јазик.
Additional Details
Project Title -
Project -




