Skip to main content

Промоција на монографијата „Историја на Галичник“ од Дамјан Бужаровски

Registrations have closed.
Промоција на монографијата „Историја на Галичник“ од Дамјан Бужаровски

Промоција на монографијата „Историја на Галичник“ од Дамјан Бужаровски

by
1160 1160 people viewed this event.

15 мај (петок) | 20.00 часот

Во петок 15 мај, 2026 година со почеток во 20 часот, во КСП „ Центар – Јадро“ ќе се одржи промоција на тукушто излезеното издание на монографијата „Историја на Галичник“ од Дамјан Бужаровски.

Монографијата ја издаде Темплум, а  графичкото уредување беше на авторот. На настанот ќе говорат рецензентите: проф. д-р Димитрије Бужаровски и м-р Владимир Таневски, а ќе биде прикажано и кратко видео кое ќе се движи низ страниците од монографијата покрепено со аудио од изворна музика од регионот.

Монографијата на 347 страни започнува со географските податоци за Галичник и регионот, за потоа да го обработи потеклото на Мијаците, и да премине на формирањето на Галичник во предосманлискиот период. Следуваат делови кои го прикажуваат Галичник во османлискиот период преку прегледи на податоците од турските дефтери.

Посебно детално се обработени XIX и XX век до 1945 година, со голем број податоци за животот, економијата, занимањата, трговијата, учеството на галичаните во војните од овој период итн. Не помалку интересни се и прилозите за арамиството во истиот период, мијачкиот дијалект и таен јазик, биографиите на илинденци, членови на МРО од Галичник и учеството во НОБ.

Во бројните прилози е и списокот на галичките презимиња, како и речникот на турцизми, архаизми и помалку познати зборови. Се’ на се’ една извонредно богата монографија со редок библиографски и фотографски материјал.

Дамјан Бужаровски работи во архивското одделение на Народна банка на РСМ, има магистрирано на Економскиот факултет (сметководство) и Филозофскиот факултет (историја), каде во моментов е на докторски студии.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2026-05-15 to
2026-05-15
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends