Skip to main content

Промоција на студијата „Сите драјвери вклучени!“ и разговор за македонската литература во превод

Registrations have closed.

Промоција на студијата „Сите драјвери вклучени!“ и разговор за македонската литература во превод

by
620 620 people viewed this event.
На 24 ноември со почеток во 20 часот во КСП Центар – Јадро ќе се одржи промоцијата на студијата „Сите драјвери вклучени; извештај (факти, анализи и препораки) за македонската литература во превод (2015-2020)“ и разговор за македонската литература во превод. На разговорот ќе учествуваат Роберт Алаѓозовски (автор на студијата), Фил Фирт (преведувач од англиски на македонски јазик), Дејан Трајкоски (писател, уредник, преведувач и директор на фестивалот „Про-за Балкан“) и Фросина Пармаковска (писателка). Разговорот ќе го води писателот и уредник Владимир Јанковски.
Студијата „Сите драјвери вклучени!“ претставува пресек, скенирање на состојбата во полето на книжевните преводи и објавувањето литература од автори кои пишуваат на македонски јазик на другите европски јазици. Таа треба да го надополни недостигот на анализи и истражувања врз база на податоци и факти во полето на издаваштвото. Тоа е значајна културна област и за високите уметнички вредности на еден народ и на една држава и за одржувањето на интеркултурната комуникација и соработката меѓу европските земји и, за жал, за занемарените аспекти на една, макар и мала, културна индустрија.
Во разговорот, освен за резултатите од студијата, ќе се разговара за состојбата во која се наоѓа објавувањето македонски автори во странство, кои се позитивните трендови од последните години, кои се слабостите во овој процес, а ќе се разговара и за тоа што треба да се направи за да се зголеми присуството на македонската литература во странство.
Сите присутни на настанот ќе имаат можност да добијат бесплатен примерок од студијата „Сите драјвери вклучени!“
Настанот е дел од проектот „Balkan Translations Collider“, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.
Присуството на Вил Фирт е во рамки на резиденцијалната програма на проектот „Превод во движење“, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2022-11-24 @ 20:00 to
2022-11-24 @ 21:30
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends