Skip to main content

Разговор и презентацијата од делата на визуелниот уметник Велимир Жерновски

Registrations have closed.

Разговор и презентацијата од делата на визуелниот уметник Велимир Жерновски

by
580 580 people viewed this event.
Погледнете го видеото од презентацијата на визуелниот уметник Велимир Жерновски и разговорот на Жерновски и Владимир Јанчевски.
Велимир Жерновски(1981), работи и живее во Скопје
Дипломирал и магистрирал на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје.
Работи цртежи, видеа и фотографии, преку кои ги истражува промените во урбаната култура и прашањата поврзани со сексуалноста и родовиот идентитет, како и прашањата поврзани со постојаната транзиција, како на личниот, така и на идентитетот на сопствената генерација.
Голем сегмент од неговата работа се обележани со три долгорочни проекти Alice, what else is out there? 2007 – 2010 година, циклусот The DISTITLED, 2010 – 2015 во кој се фокусира на родовите теми и нееднаквоста и циклусот BEYOND THE BLACKNESS- до денес, во кој се фокусира на поимите за истражување на вселената, астрофизика и астрополитика.
Работел на сценографијата за националната турнеја на Поган Паган во 2017 година и за претставата Дух | од Дејан Дуковски, во режија на Срѓан Јаникиевиќ | во Македонскиот народен театар во 2018 година.
Има остварено повеќе самостојни изложби во Македонија и странство: Белград (2014), Њујорк (2010, 2012), Париз ( 2011), Виена (2009, 2011), Фрајбург (2009), Скопје (2006, 2007, 2010 , 2012, 2013, 2015) , има учествувано во групни изложби во Србија, Словенија, Косово, Австрија, Германија, Холандија, Македонија, Турција и САД. Тој е куратор и ко-куратор на неколку проекти и изложби и учествувал во повеќе меѓународни проекти и соработки.
Има работено како кураторски асистент на press to exit project space – специјален проект на швајцарската програма за култура во Македонија, работел како истражувач на Универзитетот Евро-Балкан (2011-2013) и активно учествувал во програмата на Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници (2011-2015).
Од 2008 Жерновски е ко-основач и претседател на ФРИК Формација за развој на иницијативи во културата, организација која работи на мотивирање на социјално ангажирана уметност продукција и демократизација на општеството, преку предрасудите и стереотипите. Од 2013 е ко-основач на ИПАК центарот во Белград.
За својата досегашна работа е добитник на следните награди : Биенале на млади уметници, 2009, Музеј на современи уметности, Скопје, награда ДЕНЕС 2012, Центар за современа уметност, Скопје и наградата Ладислав Баришич 2016 година, Меѓународна асоцијација на ликовни критичари АИКА во Македонија.
Остварил повеќе резиденцијални престои на програмите на Култур Контакт, Виена Австрија во 2010, ISCP , Њујорк ,2012г,
Галерија Ротор 2016, Грац Австрија и CreArt AIR Ваљадолид, Шпанија во 2017 година.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2021-07-29 @ 20:00 to
2021-07-29 @ 21:00
 

Location

Online event
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends