Skip to main content

Разговор со Карен Јес, авторка на монодрамата „Мачката Елеонора“

Registrations have closed.
Разговор со Карен Јес, авторка на монодрамата „Мачката Елеонора“

Разговор со Карен Јес, авторка на монодрамата „Мачката Елеонора“

by
259 259 people viewed this event.

Разговор со Карен Јес, авторка на монодрамата „Мачката Елеонора“

25 октомври (петок) | 20.00 часот

 

Издавачката куќа „Илика“ во соработка со Здружението за германско-македонска соработка и развој и Гете институт Скопје срдечно Ве канат на промоција на монодрамата „Мачката Елеонора“ на германската авторка Карен Јес во петок 25.10. во 20 часот во просториите на Центар-Јадро. Низ разговорот со авторката ќе се обидеме да му се приближиме на овој современ драмски текст враќајќи се наназад кон процесот на неговото создавање, применетите драмски постапки, како и кон изборот да се претстави еден специфичен вид на идентитетска трансформација.

„Така е, немам опашка, а имам стапала и говор, тоа е точно. Тоа не е доказ за постоењето како човек“, му вели Елеонора Гарацо на својот терапевт и решава дека од денес натаму: таа е мачка. Монодрамата „Мачката Елеонора“ на Карен Јес е преплетена со слични остроумни реплики, поетично опишани сензации и протестни императиви со кои агентката за недвижнини Елеонора Гарацо конечно ја повлекува линијата помеѓу себе и светот. Кохезијата од прашања поврзани со трудот и работата, родовиот идентитет како и одржливоста и конзумеризмот во „Мачката Елеонора“ нѐ канат да ги преиспитаме сопствените позиции и влеваат храброст преку претставениот чин на радикално отфрлање на реалноста.

 

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-10-25 @ 20:00 to
2024-10-25 @ 22:00
 

Location

-
 

Event Category

Share With Friends