Skip to main content

Ненад (Брус) vs Марко Зад Аголот

Registrations have closed.

Ненад (Брус) vs Марко Зад Аголот

by
613 613 people viewed this event.
Во петок (29.07) во 20:30 часот ве каниме пред КСП Центар-Јадро (ул. Алберт Ајнштајн бр.2) на музичка битка помеѓу рап продуцентите Ненад (Брус) и Марко Зад Аголот.
Инспирирани од америчкиот концепт Verzuz, нашите продуценти ќе ги судрат своите каталози на продуцирани песни во минимум 10 рунди. Во секоја рунда продуцентите ќе пуштат по една песна. Се разбира ваквиот тип на настан нема оценувачки карактер, туку повеќе е еден вид на пријателски натпревар, славење на хип хоп културата и уживање во талентот и креативноста на учесниците.
За публиката која сака да го следи настанот онлајн тој ќе се емитува во живо на Facebook профилот на КСП Центар-Јадро.
Марко Зад Аголот како продуцент е активен од 2001 година, период во кој има работено музика за СВП (Бранко и Марко во разни постави), Исток Запад, Зад Аголот (Римиски Масив, Длабока Трага, Контра Напад, Паки), СТР 2, Страјк, ЛД Пистолеро, Бвана (Србија) и многу други. Прави рап мрсен и хромски!
Ненад Стефаноски ја започнува својата музичка кариера на рана возраст кон крајот на 90тите и оттогаш како композитор, вокалист, инструменталист и музички продуцент учествува и соработува во бројни музички изданија и живи настапи, меѓу кои се проектите на Фулиш Грин, Легијата, Гринаут, СТР2, ЛД Пистолеро, САФ, Џака Накот, Против Сите, и колаборација со многу домашни и странски артисти (копродуцент, аранжер, вокал, итн.). Покрај учеството во бројните проекти на македонската популарна музичка сцена, тој работи и како композитор и саунд дизајнер во областа на филмот, телевизија, театарски претстави, адвертајзинг и веб содржини.
Покрај горенаведеното, тој повремено настапува и како диџеј, инспириран од македонската забавна музика од минатиот век. Важи и за собирач, селектор и промотер на македонската евергрин музика која потекнува од 50тите години па навака.
Настанот е реализиран со поддршка од Министерство за култура на РСМ.

Additional Details

Project Title -

Project -