Skip to main content

Работилница за цртање манга ликови со Тања Вукобрат

Registrations have closed.

Работилница за цртање манга ликови со Тања Вукобрат

by
1278 1278 people viewed this event.

Работилница за цртање манга ликови
со Тања Вукобрат

18 мај (сабота) | 13.00 часот

На оваа работилница ќе бидат претставени најспецифичните анимирани ликови кои ни доаѓаат од манга стриповите. Иако многумина мислат дека постои само еден манга стил и на прв поглед изгледаат многу слично, всушност постојат илјадници стилови и начини како може да се осмислат и креираат ваквите ликови.

Учесниците на работилницата ќе можат да научат да создаваат свои уникатни ликови под менторство на Тања Вукобрат. Бројот на учесници е ограничен, a цената за учество е 100 денари.

Тања Вукобрат, родена во Скопје, е дипломиран графички дизајнер на Факултетот за Арт и Дизајн на Европскиот Универзитет. Како фриленс илустраторка работи веќе десет години, а најчесто изработува детски илустрации и корици на книги. Досега соработувала со издавачките куќи „Просветно Дело“, „Чудна Шума“, „Или-или“, „Македоника Литера“ и „Арс Ламина“.

ЛИНК за пријавување


Manga character drawing workshop with Tanja Vukobrat
May 18 (Saturday) | 13.00

The most specific animated characters that come from the manga comics will be presented to us at this workshop. Although many people think that there is only one manga style and at first glance they look very similar, there are actually thousands of styles and ways to design and create such characters.

Together with the workshop mentor Tanja Vukobrat, the workshop participants will be able to learn how to create their own unique characters. The number of participants is limited and the participation fee is 100 denars.

Tanja Vukobrat was born in Skopje and graduated as a graphic designer from the Faculty of Art and Design at the European University. She has been working as a freelance illustrator for ten years, mostly making children’s illustrations and book covers. She has cooperated with the publishing houses “Prosvetno Delo”, “Chudna Shuma”, “Ili-ili”, “Litera” and “Ars Lamina”.

You can sign up for the workshop through the following link

Sign up LINK

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-05-18 @ 13:00 to
2024-05-18 @ 17:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends