
Промоција на книги на Дубравка Угрешиќ
Промоција на книги на Дубравка Угрешиќ
Затворање на изложбата „Црвено училиште“
9 мај (четврток) | 20.00 часот
Ве очекуваме на затворање на изложбата „Црвено училиште“ на познатата писателка, есеистка и преведувачка Дубравка Угрешиќ, чија работа имавме чест да ја доживееме покрај пишаниот збор, и преку медиумот на визуелното. Изложбата се отвори на 26 април и ќе биде поставена во КСП Центар – Јадро до 9 мај.
На затворањето на изложбата ќе бидат промовирани 4 книги на писателската: „Црвено училиште“, „Нарилник за вештерки“, „Штефица Цвек во челустите на младоста“ и „Тука нема ништо“ во превод на македонски јазик.
Дубравка Угрешиќ (1949 – 2023) е хрватска, југословенска и холандска писателка, публицистка и научничка. Угрешиќ дипломирала општа и компаративна книжевност и руска книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Работела повеќе од дваесет години на Институтот за теорија на книжевноста. По распадот на Југославија, во 1993 година се преселила во Амстердам.
Additional Details
Project Title -
Project -




