Skip to main content
општо

Во просториите на КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО средба со градоначалникот на Општина Центар

By November 19, 2022No Comments
Денеска градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски оствари средба со тимот и уметниците од КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО кои се креатори на културни настани во општината.
Го информираа дека вечерва во 20 часот во центарот се отвара изложбата „Места на дарежливост – трансформативни станици“ и ги опфаќа темите, животна средина, антикорупција, човекови права, дискриминација и социјална правда.
Неодамна заврши и нивниот „Маалски фестивал“ кој се изведуваше на неколку локации во Дебар Маало. И следната година Општина Центар ќе ја продолжи соработката со Јадро, во насока на проширување на програмата за фестивалот низ повеќе населби во општината и заеднички организации за настани за нашиот Горан Стефановски.

Ве покануваме вечерва во КСП ЦЕНТАР-ЈАДРО да ги погледнете делата на младите уметници. Нашето присуство и одвоено време за нив има огромно значење.

 

Leave a Reply