ПОВИК за учесници во “РАБОТИЛНИЦА ЗА РАСКАЖУВАЊЕ-ЗБОРОТЕРАПИЈА ВО ДВИЖЕЊЕ под водство на Верица Недеска
ПОВИК за учесници во
“РАБОТИЛНИЦА ЗА РАСКАЖУВАЊЕ-ЗБОРОТЕРАПИЈА ВО ДВИЖЕЊЕ” (пет работилници во периодот 20-28.05.2022),
под водство на Верица Недеска
Ве покануваме да се пријавите за учество во серијата од 5 работилници за раскажување – зборотерапија во движење, кои актерката и филмска авторка Верица Недеска како резиденцијален артист во Центар-Јадро ќе ги води во периодот 20ти-28ми мај 2022!
Што е приказна? Кои се придобивките од споделувањето на приказните? Кога последен пат сте споделиле нешто што ве радува или мачи и сте имале чувство дека навистина сте слушнати?
Раскажувањето е вештина која може да се научи. Вештина која може да помогне во сите професионални сфери и аспекти и природно да ја засили влијателноста.
Живото, усно раскажување ги подобрува комуникациските и социјалните способности. Ја буди фантазијата и креативноста и гради мостови помеѓу раскажувачот и слушателот. Оваа вештина го помага мултигенерациското учење и ги зајакнува врските внатре во заедницата.
Работилницата е наменета за сите возрасни групи, профили и професии на луѓе.
Работилницата ќе заврши со финален настан за презентација во Центар-Јадро, на 28.05.2022.
Заинтересираните може да се пријават со пополнување на пријавата на следниов – ЛИНК
Бројот на учесници е ограничен.
Заради големиот интерес и веќе пополнетиот број на предвидени учесници, повикот се затвора!
——————————————————————————————
Распоред:
20.05.2022 (петок), 17:00 – 19:00 часот работилница
21.05.2022 (сабота), 12:00-14:00 часот работилница
22.05.2022 (недела), 12:00-14:00 часот работилница
27.05.2022 (петок), 17:00 – 19:00 часот работилница
28.05.2022 (сабота) 17:00 – 19:00 часот работилница
19:00-20:00 часот финална презентација
За менторката на работилниците:
Верица Недеска е филантроп и фриленсер, македонска актерка и изведувач, дипломиран актер на Факултетот за драмски уметности во Скопје и магистер по применети уметности на ФАМУ во Прага, отсек сценаристика.
Освен со актерство и пишување, Верица се занимава со режија и продукција и е голем љубител на музика и поезија. Има остварено повеќе значајни соработки со наши и странски признаени, но и млади надежни режисери и автори.
Живее на релација Прага-Охрид.
Оваа работилница е дел од годшината програма на Центар Јадро за 2022 година и е реализирана со финансиска поддршка од од Министерството за култура.
Additional Details
Project Title -
Project -