Skip to main content

ПОВИК за учесници во “РАБОТИЛНИЦА ЗА РАСКАЖУВАЊЕ-ЗБОРОТЕРАПИЈА ВО ДВИЖЕЊЕ под водство на Верица Недеска

Registrations have closed.

ПОВИК за учесници во “РАБОТИЛНИЦА ЗА РАСКАЖУВАЊЕ-ЗБОРОТЕРАПИЈА ВО ДВИЖЕЊЕ под водство на Верица Недеска

by
647 647 people viewed this event.

ПОВИК за учесници во 

РАБОТИЛНИЦА ЗА РАСКАЖУВАЊЕ-ЗБОРОТЕРАПИЈА ВО ДВИЖЕЊЕ” (пет работилници во периодот 20-28.05.2022), 

под водство на Верица Недеска

Ве покануваме да се пријавите за учество во серијата од 5 работилници за раскажување – зборотерапија во движење, кои актерката и филмска авторка Верица Недеска како резиденцијален артист во Центар-Јадро ќе ги води во  периодот 20ти-28ми мај 2022!

Што е приказна? Кои се придобивките од споделувањето на приказните? Кога последен пат сте споделиле нешто што ве радува или мачи и сте имале чувство дека навистина сте слушнати?

Раскажувањето е вештина која може да се научи. Вештина која може да помогне во сите професионални сфери и аспекти и природно да ја засили влијателноста.

Живото, усно раскажување ги подобрува комуникациските и социјалните способности. Ја буди фантазијата и креативноста и гради мостови помеѓу раскажувачот и слушателот. Оваа вештина го помага мултигенерациското учење и ги зајакнува врските внатре во заедницата.

Работилницата е наменета за сите возрасни групи, профили и професии на луѓе.

Работилницата ќе заврши со финален настан за презентација во Центар-Јадро, на 28.05.2022.

Заинтересираните може да се пријават со пополнување на пријавата на следниов – ЛИНК 

Бројот на учесници е ограничен.

Заради големиот интерес и веќе пополнетиот број на предвидени учесници, повикот се затвора!

——————————————————————————————

Распоред: 

20.05.2022 (петок),   17:00 – 19:00 часот  работилница

21.05.2022 (сабота), 12:00-14:00 часот   работилница

22.05.2022 (недела), 12:00-14:00 часот  работилница

27.05.2022 (петок),    17:00 – 19:00 часот работилница

28.05.2022 (сабота)  17:00 – 19:00 часот работилница

                                   19:00-20:00 часот  финална презентација

 

За менторката на работилниците: 

Верица Недеска е филантроп и фриленсер, македонска актерка и изведувач, дипломиран актер на Факултетот за драмски уметности во Скопје и магистер по применети уметности на ФАМУ во Прага, отсек сценаристика.

Освен со актерство и пишување, Верица се занимава со режија и продукција и е голем љубител на музика и поезија. Има остварено повеќе значајни соработки со наши и странски признаени, но и млади надежни режисери и автори.

Живее на релација Прага-Охрид.

Оваа работилница е дел од годшината програма на Центар Јадро за 2022 година и е реализирана со финансиска поддршка од од Министерството за култура.

Additional Details

Project Title -

Project -