Skip to main content

НАСТАНИ 2020

Registrations have closed.
НАСТАНИ 2020

НАСТАНИ 2020

by
946 946 people viewed this event.

Програма  2020

По завршувањето на градежните работи околу реновирањето на објектот, на 20.02.2020, тимот на установата се всели во својот простор во рамки на УЗ Дане Крапчев, доделен од општина Центар. Паралелно со вселувањето во просторот, започна имплементацијата на првиот поголем проект на КСП Центар-Јадро, поддржан од Швајцарската амбасада, а во партнерство со Јадро Асоцијација.

Годишната прокрама на КСП Центар Јадро беше реализирана со поддршка на Министерството за култура. Оваа година започна реализација на проектот “Поддршка во етаблирање на новиот социо-културен Центар – Јадро како цивилно-јавно партнерство” на Швајцарската амбасада во Северна Македонија.

Февруари: Заедно со Јадро Асоцијација на независната културна сцена, КСП Центар-Јадро беше домаќин на првата средба и работилница на учесниците на програмата на Tandem Western Balkans во организација на MitOst e.V.  https://www.tandemforculture.org/ (20-24.02.2020)

Изложбата „Училиште во парк“ во соработка со Архитектoнскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Општина Центар се отвори на 25.02. Студентите ги претставија своите предлог проекти за училиште и градинка на карактеристична локација, во близина на градски парк, кај спортската сала “Партизан” во Скопје.

Март: Избивањето на пандемијата на COVID 19 и воведувањето на мерките за спречување на неговото ширење, не принуди набргу да ги затвориме вратите, а тимот веднаш започна да ги разработува најразличните можни алтернативни формати за реализација на активностите на социјалните мрежи. 

Програмските активности во различни области вклучуваа различни дисциплини, со што ја потенциравме насоката во која што ќе продолжи да се движи Центар- Јадро – простор во кој што постои плуралност на идеи и изрази, простор за отворени демократски процеси.

Април: За време на овој месец, активно ги адаптиравме програмите и започнавме со реализација на неколку проекти линии што во наредните месеци ги споделувавме на социјалните мрежи.

Мај: Проектот “Театар и интеграција“, чија прва фаза се одвиваше во периодот мај-декември 2020,  беше предводен од Ришард Ниечим, режисер и драмски автор, близок соработник на Јержи Гротовски. Тренинзите за Звучење, базирани на искуството од паратеатарската фаза на работата со Гротовски, се одвиваа on-line со цел продлабочување на занаетот на актерот, за уметничко истражување на телото на вклучените изведувачи (актери и танчари), гласот и ритмите, како и за откривање на можностите кои ги нуди технологијата и онлајн просторот. https://www.facebook.com/centarjadro/posts/220937102844604 | https://fb.watch/2JmGQgI2Fb/.

Во оваа фаза се реализираа Шест дела-во-настанување, театарски и танцови перформанси

Јуни: Ја реализиравме онлајн групната изложба „Да бидеме заедно додека сме разделени“ со учество на седум уметници – Иван Ивановски, Симона Манчева, Дарко Алексовски, Доротеј Нешовски, Елена Чемерска, Зорица Зафировска и Никола Узуновски, курирана од Јованка Попова, а во организација на Ѓорѓе Јовановиќ.

Претставените дела ги адресираа скриените и не толку скриени нееднаквости во општеството и причините кои ги предизвикуваат, преку истражувања на емотивните состојби во време на криза, ограничувањето од општествените конструкти во однос на личната слобода, социјалното домување, грижата за околината и јавниот простор, експлоатација на трудот и мигрантската криза, неизвесноста од иднината, со финална цел да укажат од неопходноста од заедничко здружување и решавање на заедничките проблеми во прекаријатскиот даден контекст.

На инстаграм профилот на КСП Центар-Јадро, во периодот од јуни-ноември беше реализиран проектот „Инстаграм уметничка резиденција“ на којашто секоја недела беше претставуван по еден автор или колектив со нови или рецентни дела https://www.instagram.com/centarjadro/

Свое претставување имаа уметниците: Дарко Алексовски, Владимир Лукаш, Филип Велковски, Марија Конеска, Елена Чемерка и Ивана Мирчевска, Влатко Деков, Благоја Варошанец, Сали Ерунч, Наташа Гелева, Јелена Белиќ, Кети Талевска, Ана Спасовска, Стефан Младеновски, Давор Кешкец, Диме Данов и Бурџу Мусли.

Во јуни ја започнавме серијата на предавања и разговори од областа на филозофијата, социологијата, економијата и субкултурата. Во рамките на оваа програмска област беа реализирани разговори и предавања од повеќе предавачи на релевантни теми поврзани со нашето секојдневие како: извори на популизмот, хибридизација на граѓански иницијативи, историјата на даночни политики, младите и хип хоп културата. 

„Која е улогата на синдикатите денес?“ со м-р Кире Василев. Се дискутираше за историскиот развиток на синдикатите со кои предизвици се соочуваат овие работнички организации и нивната шанса за ревитализација на нивната сила. (5.06.2020)

„Политиката и хип хопот“ со Александар Ковиловски. Се дискутираше за активистичката и ангажираната димензија на хип хопот, колку денес тој еволуирал и колкава е креативната контрола на индустријата врз артистот. (13.06 2020)

“Театарот под карантин“ со актерот Петар Милошевски. Се дискутираше за сличностите и различностите на културната сцена во Англија и Македонија, како компаративно двете земји се носат со кризата и како излегуваат од неа. Исто така, се разговараше и за неговите проекти преку видео анализа на неговиот последен проект направен целосно во карантин. (25.06.2020)

„Историскиот развој на музиката и нејзиниот однос со политиката“ пообемнa интердисципинарнa блок дебата со Мариглен Демири и Вангел Мажевски за историскиот развој на музиката и нејзината репрезентативност во однос на општеството. Се направи анализа на делата на низа класични композитори и низ теориската музичка форма се укажа на дел од релациите со политиката и можноста за една нова аксиологија, политика и култура. (28.09.2020)

Курс по Аудио-продукција

Јуни започнавме и реализацијата на курсот за аудио продукција водени од македонскиот рапер и едукатор во музичката продукција, Владимир Аговски-Аго. Оваа програма беше насочена кон учење на основните теоретски елементи на звук и акустика, работа со професионални музички програми за продукција, стекнување со вештини за создавање и производство на песна. 

Во рамките на оваа програмска активност беше реализиран и отворен конкурс за демо рап песна на којашто се селектираа шест автори кои имаа можност да ги реализираат своите демо песни под менторство на Dj Goce , Druggy и Владимир Аговски- Аго. Сите продуцирани траки беа објавени на мини-албумот „Рап Про дел први“ https://www.youtube.com/watch?v=hPkvqb3j0wU&list=PLuVATv1-jKUOEHIy95ykXxAblS8VLbtIp

Во рамки на проектите и работилниците во соработка со заедницата ги реализиравме креативните работилници и настани за партиципативен театар и современ танц:

Изведба на интерактивната претстава-работилница “Нови мерки, старо другарство”, што се одржа на отворено, на плочник кај Агромеханика, во која учествуваа четири млади актери (Дениз Абдула, Нина Елзесер, Ема Давчева и Елдин Широки). (18.06.2020)

https://www.facebook.com/centarjadro/posts/153789389559376

Програмата „Полемики за филмската уметност“ која започна во јуни, се состоеше од серија на анализи, предавања и разговори на македонски филмски истражувачи и режисери на теми чиј фокус е музиката во македонскиот филм, состојбата на домашните филмски фестивали, присуство или отсуство на табу теми во нашите филмови како и разговори со македонски визуелни уметници во чија пракса го користат видео артот и експерименталниот филм.

„Музиката во македонскиот игран филм“ со д-р. Александар Трајковски, реализиран на 17 јуни 2020. Се дискутираше за влијанијата на различните правци во различни периоди и простори во македонскиот филм. Исто така, се дискутираше и за книгата на гостинот „Музиката во македонскиот игран филм: од Фросина до Лазар“ (2019). https://www.facebook.com/watch/live/?v=333261400994693&ref=watch_permalink

„Видео и експериментална уметност“ со Вероника Камчевска, реализиран на 14 септември 2020. Се дискутираше за жанрот познат како видео-уметност, кој е еден нов вид на современа уметност кој се изразува со разни комбинации на подвижни слики и музика кои го редефинираат нашето чувство за време и простор.

https://www.facebook.com/watch/live/?v=263388994702050&ref=watch_permalink

Онлајн премиера на филмот „Маргина“ и разговор со режисерот на филмот Љупчо Темелковски на 10 ноември 2020 година. Се дискутираше за предизвиците на снимањето на директно кино во Македонија, какви методи и техники се користат кога има мал буџет за снимање и лекциите научени од целиот процес

https://www.facebook.com/101239454814370/videos/400580914655236 

Јули: Во јули започнавме и со продукција на серија на концерти на млади соло музичари и бендови:

Хана Корнети https://www.facebook.com/101239454814370/videos/3483790558403915 

Август: Започнавме со емитување на серијалот на видео портрети „Современи македонски писатели“ во којшто претставивме осум македонски автори од помладата генерација на македонски поети и прозаисти.

Септември: Се реализираше првиот мурал на фасадата на Центарот. Муралот се реализираше по распишаниот отворен конкурс објавен на крајот на месец јули во рамките на кој, во периодот август- септември 2020 година, повеќе автори понудија свои идејни решенија за реализација на времен мурал на фасадата. По завршениот конкурс, трочлена комисија го селектираше за реализација предлогот на ликовниот уметник Сали Ертунч.https://www.facebook.com/centarjadro/posts/183284319943216

Шест работилници за партиципативен театар со учество на тинејџери од локаната задница, под водство на театарската режисерка и педагогинка Хана Миленковска. Под насловот “Граници”, работилниците се одржаа во Парк на франкофонијата. Тематскиот фокус на работилиците беше изолацијата во социјална смисла и нејзините последици со кои допрва треба да се справуваме, како и ограничено право на младите на развој и истражување на светот и сопствените граници, што може значајно да влијае врз процесот на самоспознание. Краток филм, со кој се докумнетира процесот беше финалниот продукт на работилниците и истиот беше премиерно емитуван на страницата на КСП Центар-Јадро во ноември 2020:  https://fb.watch/3k01Z_ykhg/ (15-16-17.09.2020)

Октомври: Самостојната изложба на Филип Велковски – „Идиоми“. Оваа изложба е втора самостојна изложба на уметникот кој претходно изложувал и во Младински културен центар. Според историчарот на уметност, Владимир Јанчевски, новиот проект на Велковски, за разлика од неговиот прв проект „Лиминални фигури“ (2017, МКЦ), каде што примарен предмет на сликарското истражување е фигурата, во циклусот „Идиоми“ фокусот е на бојата, на пресекот помеѓу текстурата и скриените текстуални и визуелни пораки, кои се откриваат под површината низ изгребаните и излупени слоеви на густите наноси боја.https://www.facebook.com/centarjadro/posts/187280312876950 https://www.facebook.com/centarjadro/posts/187454839526164 (22.10-4.11.2020)

Групната изложба „Скопска Стрип Акција 2020 – изложба на пристигнатите трудови на конкурсот на Стрип центар Велес.

На 7 октомври се одржа прес-конференција по повод отворањето на новиот културно социјален простор „Центар-Јадро“, како и презентација на моделот на цивилно-јавно партнерство. 

#gallery-1 { margin: auto; } #gallery-1 .gallery-item { float: left; margin-top: 10px; text-align: center; width: 33%; } #gallery-1 img { border: 2px solid #cfcfcf; } #gallery-1 .gallery-caption { margin-left: 0; } /* see gallery_shortcode() in wp-includes/media.php */

Ноември: Во серијата на дебати посветени на хип хопот се реализираше  разговорот со Тonyo San: „Техничките елементи на пишувањето на рап песна“ 26.11.2020  https://fb.watch/2JlPBSQVUl/

Самостојната изложба на Сашо Алушевски, „Портрети на уметници -Ситуацијата е розова“ https://www.facebook.com/centarjadro/posts/194499402155041 

На изложбата беа изложени 21 портрет на македонски уметници. Фотографиите се направени на мокар колодиумски процес – фотографска техника од средината на XIX век со кој, заради неговата тежина и специфичност, се бават само мал број уметници во светот, а се смета за една од најблагородните фотографски техник.. 19.-25.11.2020

Три блок-работилници за танц со заедницата, во соработка со Културно-уметничкиот центар “Битрикс“, кои се одржаа онлајн на 08.11.2020.  https://fb.me/e/37hhkF8Hs

Во ноември се реализираше работилницата „Звучен пејзаж“предводена од италијанскиот композитор, пијанист и изведувач, Алесандро Ола. Во рамките на работните сесии, учесниците поминаа низ многу игри и вежби, фокусирајќи се на аспекти како што се: анализа и превод во графичка претстава; гестурална интерпретација на звучни пејзажи; композиција на звучен пејзаж; звучно извидништво во градот; развој на свеста за акустичниот идентитет на Скопје; задачи при звучно одење; правење звучна разгледница итн. https://fb.watch/2JmSiYQyP1/ https://fb.watch/2Jn5X8aUgN/

Во ноември од печат излезе и првата уметничка книга „Мала книга за мечтаење“ – проект на визуелниот уметник Дарко Алексовски која е продолжување на проектот „Места за мечтаење“, кој беше развиен и претставен за време на неговото гостување на Инстаграм резиденцијата на КСП Центар – Јадро. Во време кога патувањето е ограничено, овој проект е истражување преку неколку можни начини на сеќавање на места и градови каде што тој патувал или живеел. Книгата е составена од серија прикази и текстови кои се дел од визуелните интереси со кои работи во моментов. Во декеври следеше и онлајн промоција и разговор помеѓу Ѓорѓе Јовановиќ, Дарко Алексовски и Симона Манчева. https://fb.watch/2Jr5etR1AK/

Декември: Во серијата на дебати посветени на хип хопот се реализираше  разговорот со: Ивана Смилевска, „Bad Bi**hes: конфликтната позиција на феминизмот во рапот?“  https://fb.watch/2JlM34n-7F/,

Во рамките на проектот „Разговори со видео уметници“ се одржа разговор и презентација на видео делата на Верица Ковачевска со кураторката Јованка Попова, реализиран на 9 декември во живо на фејсбук страната на КСП Центар-Јадро.

Групна изложба „Мапи од Мариово“ 18.-25.12.2020 

Преку истражување низ мариовските села Полчиште и Витолиште, користејќи различни техники, уметниците: Дарко Талески (визуелен уметник), Нела Тодоровска (модна дизајнерка), Доротеј Нешовски (интердисциплинарен уметник) и Јасмина Руневска Тодоровска (site-specific artist) создадоа аудио-визуелни мапи на звуци, мириси, чувства, приказни, митови, спомени, објекти.

#gallery-2 { margin: auto; } #gallery-2 .gallery-item { float: left; margin-top: 10px; text-align: center; width: 50%; } #gallery-2 img { border: 2px solid #cfcfcf; } #gallery-2 .gallery-caption { margin-left: 0; } /* see gallery_shortcode() in wp-includes/media.php */

Го реализиравме проектот “Скопје 2028” под раководстово на архитектите Дејан Ивановски и Максим Наумовски, кои се занимаваат со анализа на радикалните процеси на трансформација кои го менуваат градот во кој живееме и се поевидентно ги пасивизираат архитектурата и урбаното планирање во нивната потреба да одговорат на новите предизвици. Фокусот на оваa серија предавања и работилници е секојдневното во различни просторни ситуации, преку истражување на активностите во специфични урбани контексти на примерот на центарот и периферијата на градот Скопје. 

Дијалози СК2028, Периферијата на градот Скопје

https://www.youtube.com/watch?v=a7bN9tbtiUs&feature=share…

Дијалози СК2028, Центарот на градот Скопје

https://www.youtube.com/watch?v=3QsnM8xxI_Q

Во декември го завршивме снимањето и на серијалот на презентации и разговори насловен „Македонски дизајнери“ во којшто ја претставуваме работата на Ласко Џуровски, Небојша Гелевски, Гадњим Мехмети, Игор делов и Томи Џуровски. 

Additional Details

Project Title -

Project -