Registrations have closed.

Перформанс на Маја Зеќо – „Одбрана и заштита“
by
217 217 people viewed this event.
Ве покануваме на скопската премиера на перформансот „Одбрана и заштита“ на уметницата Маја Зеќо, кој ќе се одржи во четврток, 19 јуни со почеток во 19:30 часот.
Овој моќен перформанс е дел од нејзината тековна изложба „Нарушени иднини“ во КСП Центар- Јадро. Овој перформанс претходно е изведен во Загреб и Лондон.
Во „Одбрана и заштита“, уметницата носи засилен костим со вградени звучници кои емитуваат звуци од воени дронови и поврзани фреквенции. Делото се осврнува на постепеното губење на нашето колективно чувство на сигурност и на потребата сè повеќе сами да се грижиме за сопствениот опстанок во денешниот, крајно сложен глобален политички контекст.
Публиката е поканета активно да учествува: на лице место ќе биде достапен QR-код со кој присутните ќе можат да се приклучат и да ги репродуцираат звуците преку своите уреди.
Перформансот започнува во 19:30 часот од споменикот на Цар Самоил на Плоштад Македонија, и ќе трае околу 90 минути. Публиката може да го проследи целиот перформанс или дел од него.
Изложбата „Нарушени иднини“е отворена во Јадро до 26 јуни.
Изложбата „Нарушени иднини“е отворена во Јадро до 26 јуни.
Additional Details
Project Title -
Project -




