
Тело-простор, документарна инсталација | Перформанс на Енџи Николоска
8 март (недела) I 20:00 часот
Развој на перформанс: Енџи Николоска
Аналитички тим: Алмаса Бечиќ, Енџи Николоска, Тамара Радовиќ Креативен тим: Ангелина Беличевска, Бојан Лазаров, Енџи Николоска, Кристина Гркова, Никола Велковски.
Проектот е поддржан од EKIPA, TALENT AKADEMIJA
Во соработка со: Центар Јадро; ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје; АВАНГАРТ, Bullfrogs Ballet School; Bullfrogs Ballet Production; Balloon twister; Platinum life events.
„Тело-простор, документарна инсталација“ е перформанс кој при поставувањето и изразувањето на телото во просторот, користејќи истражувачки, аналитички, театарски и танцови методи на специфичен сценски јазик остварува интимен дијалог со гледачот.
„Тело-простор, документарна инсталација“ е авторски независен уметнички продукт, кој се заснова на сите сокриени или неискажани вистини, приказни, внатрешни борби, јавно достапни и официјални статистики и анализи. Перформансот е повик за трансформација, љубов, слобода, емпатија, повторно раѓање. Фокусиран на превенција и главната состојка за решение за културата на насилство и вознемирување и пасивни гледачи. Овој перформанс е мостот помеѓу реалноста и уметноста.
Additional Details
Project Title -
Project -




