Skip to main content

Tеатарска претстава: ,,Виенски стол”

Registrations have closed.

Tеатарска претстава: ,,Виенски стол”

by
612 612 people viewed this event.

Повелете на театарската претстава – ,,Виенски стол” во сабота (09.04.2022) во просториите на КСП Центар-Јадро.

,,Виенски стол” е дипломска претстава на актерите Изабела Јакимова и Бранко Атанасов, од класата на проф. Сузана Киранџиска и асс. Проф. Кристина Леловац (Факултет за драмски уметности Скопје), по истоимениот драмски текст на Николај Кољада.

Главни ликови се Тој и Таа, кои се затворени во еден простор кој може да претставува затвор или лудница, или лабораторија или се што човековиот ум може да замисли. Во тој затворен простор ескалираат сите нивни стравови, желби, емоции… Претстава која те соочува сам со себе, со сè што носиш во себе.

Процесот за претставата започна околу шест месеци пред премиерата. Самиот текст нуди разни начини т.е методи кои ги истражувавме со цел да добиеме финален производ. Процесот опфаќаше истражување и на самите себе. Кои се нашите стравови? Желби? Кои се нашите тајни? Што е она што не ни дозволува да бидеме сами со себе? Низ целиот процес се отвараа милион прашања на кои наоѓавме одговори кои ни поставуваа нови прашања и со самото тоа се отвараа нови светови. Тргнавме од себе, од тоа што ние искрено го носиме. Тргнавме од љубовта и искрените емоции.

,,Речете дека ова е занес, измислица, дека е невозможно. Точно. Невозможно е во овој луд свет да сретнеш некого . Невозможно е да се лета до ѕвездите. Некој може кога многу сака. Се обидов. Сега одам по земја.”

Линк за карти

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2022-04-09 @ 21:00 to
2022-04-09 @ 22:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends