Skip to main content

ТАНЦ / ЧОВЕК / ЗАЕДНИЦА

Registrations have closed.

ТАНЦ / ЧОВЕК / ЗАЕДНИЦА

by
106 106 people viewed this event.
Сведоци сме на време на културолошки мрак во кое уметниците се ставени на маргините, лимитирани да го работат звојот занает. Борбата за културниот живот и понатаму продолжува низ различни иницијативи на уметниците во своите заедници. Така, „инспирирани” од моменталната пандемија во која се гушиме, нашите креативци Ивана, Бојан и Теодора се одлучија се вклучат во борбата и да го дадат својот придонес во заедницата низ нивниот проект „ТАНЦОВ КРИК” кој го реализира Културно-уметничкиот центар „Битрикс” во соработка со Установата во областа на културата – КСП Центар „Јадро”.
Главната цел на проектот е покренување на општата свест за потребата од уметност и зачувување на истата преку истражување, создавање и презентација на нови практични модели на дејствување во танцовата уметност, а во склоп на проектот ќе се одржат и едукативни танцови работилнци на кои и ВИЕ ќе имате можност да се вклучите и научите нешто ново за танцот, без разлика на Вашето танцово искуство!
Работилниците ќе се одржат на ден 08.11.2020 (недела) со следниот распоред:
1/ БОЈАН МИЦЕВ
Работилница за освестување и ослободување на делови на телото преку методот на импровизација
2/ ИВАНА БАЛАБАНОВА
Работилница за создавање на кореографски текст преку игра
3/ ТЕОДОРА ЕЖОВСКА
Работилница за ослободување на телото и духот, танцот како средство за изразување
Ви спремаме добра забава, дружење и се разбира многу танц!
Работилниците се поддржани од:
Општина Центар
Министерство за Култура
—————————
Информации за предавачите:
****
Бојан Мицев (1998 год. од Штип, РСМ) танчар во балетската трупа на “TheaterHagen” во Хаген, Германија. Дипломиран балетски педагог по современ танц на Факултетот за музичка уметност при УКИМ во Скопје, и организарор на „Современа танцова тура” – танцов проект од едукативен карактер.
****
Ивана Балабанова (1992год. во Скопје, С.Македонија) е сопственик и раководител на “Битрикс Културен Центар” во Скопје и уметнички директор на интернационалниот танцови камп и фестивал „Битрикс Танцова Лига”. Повеќе од десет години активно се занимава со танц и кореографија, креирајќи четири големи претстави: „Издигнување” , „Делови” , „Тишина” и „Етер”.
****
Теодора Ежовска е дипломиран балетски пегагог по современ танц на Факултетот за музичка уметност при УКИМ во Скопје и кореограф и инструктор по современ танц во културно-уметничкиот центар „Битрикс„ во Скопје.

Additional Details

Project Title -

Project -