Skip to main content

Социјално ангажирани перформанси | УМЕТНИЧКИ АКЦИИ|

Registrations have closed.

Социјално ангажирани перформанси | УМЕТНИЧКИ АКЦИИ|

by
367 367 people viewed this event.

Драги наши, Ве покануваме на 09.04.2023 (недела), со почеток од 17:00 часот, во просториите на Културно-социјалниот простор Центар-Јадро, да ни се придружите, да ги проследите и да станете дел од нашите социјално ангажирани перформативни уметнички акции.

🎭 Овие перформанси произлегоа од процесот на размена и надоградба на знаењата и вештините во областа на партиципативниот театар и ќе бидат изведени за сите заинтересирани посетители.

👉 Во рамки на новиот проект Arts Hub на Културно-социјалниот простор Центар-Јадро реализиравме 6-дневна интензивна работилница за применет и партиципативен театар.

Во работилницата учествуваа креативци од различни профили: терапевти, професионални актери, психолози, социјални работници, танчери и учители по танц, готвач, студенти итн. Избраните 12 учесници, под водство на искусните ментори – Јелена Вуксановиќ (писателка и сценаристка и театарски едукатор од Белград, Србија), Алесандро Ола (композитор и sound-artist, професор по композиција, електронска музика и звучен пејзаж, изведувачки уметник од Барселона, Шпанија) и Демир Мекиќ (социолог, форум-театар џокер и тренер од Белград, Србија), за време на работилницата кратки, експериментални форми на социјално ангажирани перформативни уметнички акции.

👉 Нашата цел со организирање на една ваква работилницата беше да поттикнеме еден креативен процес кај учесниците, кој вклучува потрага по наратив значаен за овдешниот социо-политички контекст и со користење на техниките на театарот на угнетените, учесниците да добијат прилика да го испробуваат алтернативниот непосреден простор како театарски простор, да креираат мултимедијален сценски текст, по што ќе бидат спремни да создаваат своја ангажирана форма на театар.

Работилницата за применет и партиципативен театар е дел од проектот Arts Hub на Центар-Јадро, кој се реализира со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество-Македонија.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-04-09 @ 17:00 to
2023-04-09 @ 19:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends